ЦЕА како партнер на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите организираше обука наменета за општинската администрација поточно за лицата кои се одговорни за посредување со информации од јавен карактер од ЕЛС во Северна Македонија.

Учесниците на обуката имаа можност да се стекнат со знаења за транспарентноста во јавните финансии како принцип во доброто владеење на локално ниво.
Обуката се одржа во Скопје, Северна Македонија, на 15 ноември 2022 година и беше домаќин на 35 учесници од општините и тимот на Проектот.

ЦЕЛ НА OБУКАТА:
– Запознавање со основните теоретски и практични аспекти на транспарентноста во јавните финансии во локалната самоуправа;
– Запознавање на службените лица кои се одговорни за посредување со информации од јавен карактер кај ЕЛС со принципите на транспарентност во јавните финансии и придобивките од проактивна достапност и објавување на општинските документи и информации;
– Да побуди интерес за натамошна надградба на општинската транспарентност, отвореност, отчетност, доверба;
– Преку практични примери слушателите да добијат сознанија кои ќе ги применуваат во секојдневната работа.