Обединетото Кралство побара доброволци за борба против коронавирусот и доби армија

Обединетото Кралство побара доброволци за борба против коронавирусот и доби армија

Повеќе од 750.000 луѓе се залагаат за да им помогнат на постарите и ранливите Британци.

ЛОНДОН – Пред неколку недели, Кејт Селарс организираше Џејмс Бонд искуство за нејзините богати клиенти, во кое тие беа однесени со хеликоптер до Монте Карло за да го гледаат најновиот филм на Бонд, блескава забава со актерите и членовите на екипата, и, за секој гостин, еден Астон Мартин  спремен за возење.

Минатата недела, г-ѓа Селарс однесе три торби со намирници од нејзиниот локален супермаркет до прагот на Гарт Д’лима, 73-годишен пензиониран сметководител, кој е изолиран во својата куќа, додека коронавирусот го гуши Лондон.

„Едноставно срцепарателно е што не можеме да му помогнеме да ги носи своите намирници по скалите“, рече таа, додека му мавташе на г-дин Длима од неговата порта. „Не можеме да влеземе во куќите на луѓето затоа што тоа може да  ги доведе во опасност“.

Г-ѓа Селарс, чија луксузна туристичка агенција моментално е затворена поради пандемијата, ја замени својата гламурозна дневна работа за набиен распоред од купување и достава на  намирници и лекови за повозрасните луѓе во Хемпстед, нејзиното просперитетно лондонско соседство. Таа е војник на нозе во огромна волонтерска војска, маршализирана пред едвај една недела, за да се грижи за најранливите луѓе на Велика Британија за време на затворањето на земјата.

Кога неодамна владата апелираше 250,000 луѓе да и помогнат на Националната здравствена служба, повеќе од 750.000 се пријавија. Беше приморана привремено да престане да ги прима апликантите за да може да ја процесира поплавата од нив. Покрај националната програма, стотици групи за помош во заедницата се раширија низ целата земја, вклучувајќи десетици илјади волонтери, како г-ѓа Селарс.

Ова е возбудлив приказ на британската национална солидарност – добра вест во услови на мрачен бран на билтени за презаситени болници, несоодветно тестирање, зголемен број на загинати и осиромашен политички естаблишмент, при што премиерот Борис Џонсон е на интензивна нега и неколку негови помошници сè уште се борат со  вирусот.

Исто така, тоа е добредојден мелем, што доаѓа по три и пол години на горчливи поделби околу Брекзит, дебата што ја подели земјата социјално, културно и генерално. Коронавирусот, како што забележаа многу коментатори, е мака која ги погодува и „Заминувачите“ и „Останувачите“.

„За време на дебатата за Брекзит, луѓето порано зборуваа дека она што навистина ни треба, е заеднички непријател – и сега го имаме“, рече Дејвид Гудхарт, писател чија последна книга „Патот до некаде“ го истражуваше раздорот во британското општество помеѓу оние што сакат да останат и оние што сакат да ја напуштат ЕУ. „Освен тоа што ова е невидлив непријател“.

Заклучувањето, рече г-дин Гудхарт, го изложи „скриениот водовод“ на богатото општество: собирачи на ѓубре, луѓе кои доставуваат испораки, службеници во аптеки, вработените во маркетите и продавниците за зеленчук и овошје  „Излезе дека оние што ги полнат полиците во супермаркетите се апсолутно важни“, рече тој.

Најстрашно, таа ги изложи маките на постарите лица, кои се најризични да подлегнат на патогенот.  Имајќи го ова предвид, владата ги повика луѓето на возраст над 70 години да ги прекинат сите  контакти освен најнеопходните, за 12 недели, за да го намалат ризикот од заразување со вирусот.

Тоа им ги одзема дури и на способните лица  секојдневните прошетки до нивните локални продавници. Ограничени во своите куќи, многумина немаат идеја како  да добијат храна или други материјали. Некои немаат интернет, некои немаат контакт лице-в-лице со пријатели или членови на семејството.

„Владата им рече на 1,5 милиони луѓе да останат внатре, без никаква идеја кои се тие или како треба да го сторат тоа“, рече Конор Рохфорд, медицински лекар и поранешен консултант за управување, кој го основа волонтерскиот корпус Хемпстед со својот партнер, Сара Добби, и уште една двојка, Кејт и Брендан Гај. „Тие се плашат и се чувствуваат изолирани“, рече тој.

Откако започнаа на 14 март, една недела пред премиерот Борис Џонсон да го наметне националниот карантин, неговата група собра повеќе од 600 доброволци. Тие им се доделени на лидери на тимови, како г-ѓа Селарс, кои надгледуваат области од неколку квадратни блокови и ги распределуваат испораките. Досега, групата им помогна на 166 лица, некои со еднократни барања, други со постојани нарачки.

Со малку насоки од владата, групата е принудена да изработи свои протоколи за безбедност. Волонтерите носат маски за лице и стерилизирани ракавици и држат строго растојание од луѓето на кои им помагаат. Не им е дозволено да влегуваат во нивните куќи. Организаторите се консултираат со советници за кризи за совети за справување со луѓе во особено тешки околности.

Парите се тешко прашање: Некои луѓе можат да се јават во продавниците и да им дадат информации за својата кредитна картичка. Во други случаи, волонтерите ги плаќаат трошоците за намирници и се исплаќаат кога ќе ги достават.

За пензионерите како г-дин Д’лима, кои се гордеат со својата независност, не е лесно ова прилагодување. Неколку дена порано, тој стоеше во линија за чекање пред преполн супермаркет за време на бура. „Живеам сам, па секогаш сам си пазарувам“, рече тој. „Но, мојот пријател ми рече дека не треба да излегувам“.

Некои сè уште ја одбиваат помошта. На нејзиниот пат да достави лекови, г-ѓа Селарс запре еден доста постар човек во мантил на улица Хамстед. Тој  рекол дека оди во поштата, не сфаќајќи дека е затворено. Кога таа му се понудила да му помогне во шопингот, тој ја погледнал зачудено.

Ако сакате да ми помогнете“, рекол тој, „можете да ми дадете 1.000 фунти“.

Откако човекот замина, г-ѓа Селарс (39) се насмевна жално и рече: „ние ги нарекуваме генерација Блиц“.

Херојството на „Блиц“ деновиве многу се повикува. За некои, духот од 1940 и 1941 година, кога Велика Британија беше тресена ноќе од германските бомбардери, е очигледен во тврдоглавата самоувереност на луѓе како стариот човек, решена да издржи притисок , без разлика на  околностите.

Во 8 часот попладне. секој четврток, луѓето се собираат на прозорци или на вратите за да  ракоплескаат за лекарите и медицинските сестри на Националната здравствена служба. Љубезниот аплауз од првата недела отстапи место и на бука, бидејќи луѓето почнаа да трескаат и со  садови и тави.

За некои постари луѓе, волонтерската армија е враќање кон минатото што тие го паметат како повеќе социјално кохезивно отколку денес.

„Тоа ме потсетува на моето детство во педесеттите години“, рече Џени Тоулер (69), кога дојде г.Селларс на нејзината врата за да и донесе лекови за болка . „Имаше поголема интеракција. Игравме заедно на улиците “. „Сите сме затворени и не смееме да бидеме едни со други“, рече таа. „Но, ние не се чувствуваме осамено. Се надевам дека откако ќе помине ова ќе бидеме повеќе пријателски настроени и блиски – не само да си испраќаме текстови или емотикони на нашите телефони. “

За г-ѓа Селарс, волонтирањето даде значење на животот, предизвикан од пандемијата. Нејзиниот  бизнис, сигурна е, ќе се поврати. Но, во меѓувреме, таа рече  остварила пријателства со луѓе кои инаку би биле странци на тротоарот. Некои дури и  оставаат мали подароци пред вратата. Запознавањето со нив и  даде нова перспектива за соседството каде е родена.

„Големото прашање е, што ќе се случува кога ќе заврши ова?“ Г-ѓа Селарс праша додека застана  на кратко и погледна над викторијанските покриви на Хемпстед. Тогаш заѕвони нејзиниот мобилен телефон, и таа запиша нова нарачка за достава. Пишува Њујорк Тајмс.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор