Македонско пенолошко друштво

Национална пенитенцијарна стратегија

Реформата на пенитенцијарниот систем ги опфаќа активностите за нејзино приближување до европските стандарди кои значат унапредување и хуманизирање на системот за извршување на санкциите. Во тие рамки особено е важна правилна практична имплементација на законската и подзаконската регулатива со која е опфатено извршувањето на санкциите, подобрување на условите за престој на лицата лишени од слобода во пенитенцијарните установи, но и јакнење на капацитетот и професионалноста на вработениот персонал, како и зајакнат надзор над работењето на пенитенцијарните установи.

Ресоцијализацијата како една од главните цели на извршувањето на санкциите, заедно со реинтеграцијата и социјалната адаптација, како и со успешниот пост-пенален третман се клучните фактори за намалување на рецидивизам кај лицата што издржале казна затвор. Продолжува процесот на унапредување на пробациската служба и практична имплементација на Законот за пробација. Значителен е придонесот на Европскиот комитет за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ) во насока на идентификување на прашањата и областите, каде што е неопходно да се предвидат дополнителни мерки и да се преземат активности за надминување на констатациите на КПТ.

Информации и податоци за функционирањето на пенитенцијарниот систем се содржани во повеќе извештаи како од домашни, така и од меѓународни институции и организации, како што се: годишните извештаи на Управата за извршување на санкциите за состојбата и работењето во КПУ и ВПУ, годишните извештаи на Народниот правобранител, извештаите од реализирани редовни и вонредни (ad hoc) посети на КПТ, извештаи од мисии за оценување, извештаи од извршени посети на Меѓународниот комитет на црвен крст, како и други меѓународни тела и организации од кои се добива објективна и сеопфатна слика за начинот на кој функционира затворскиот систем во државата, со идентификување на областите на коишто мора да им се обрне посебно внимание.

Македонско пенолошко друштво учествуваше на Тркалезната маса за нацрт Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија (2021-2025 г.) што се одржа на 5 февруари 2021 година, во организација на Програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје.

Повеќе на овој ЛИНК.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор