[Aggregator] Downloaded image for imported item #50042

Настан на Мрежата за финансиска одржливост на граѓански организации, х. Милениум, Битола, 20.08.2026 г.

Почитувани претставници на институции, граѓански организации и членки на Мрежата за финансиска одржливост на ГО,

Во време кога граѓанскиот сектор сѐ повеќе се соочува со предизвици поврзани со неговата финансиска одржливост и можностите за долгорочен развој, потребен е отворен дијалог, партнерство и заедничко дејствување.

Затоа, Ве покануваме да бидете дел од Настанот на Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации.

Настанот ќе ги обедини граѓанските организации и институциите на едно место со цел да се отвори стратешка дискусија за тековните застапувачки процеси, клучните предизвици со кои се соочува секторот

и можностите за креирање заеднички решенија што ќе придонесат кон поодржливо и поотпорно граѓанско општество.

Зошто да учествувате?

✅ Да се вклучите во дефинирањето на приоритетите за застапување на Мрежата;

✅ Да придонесете со ваши ставови, искуства и предлози за подобрување на условите за работа на граѓанските организации;

✅ Да размените идеи и искуства со организации и институции од различни региони на државата;

✅ Да учествувате во работни сесии насочени кон креирање конкретни иницијативи и препораки;

✅ Да станете нова членка на Мрежата за финансиска одржливост на ГО;

✅ Да воспоставите нови партнерства и можности за соработка.

Во рамки на настанот ќе се разгледаат тековните иницијативи на Мрежата, ќе се дискутираат можностите за нивно унапредување и

ќе се приоритизираат идните чекори за застапување во насока на подобрување на финансиската одржливост на граѓанските организации во Северна Македонија.

📅 Датум: 20 август 2026 година

📍 Локација: хотел Милениум, Битола

👥 Почеток: 10 часот

Ве молиме да го потврдите Вашето учество <<овде >> .

Доколку Вашата организација сѐ уште не е членка на Мрежата за финансиска одржливост на ГО, ве покануваме да се приклучите кон заедницата

која активно работи на унапредување на политиките и условите за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор.

🔗 Пополни ја пријавата за членство <<овде>>

Дневниот ред ќе биде дополнително споделен со пријавените учесници.

За 12 претставници на институциите и активни организации за застапување од членките на Мрежата е обезбеден превоз на релација Скопје- Битола- Скопје, како и ноќевање во хотелот на 19-ти август.

Настанот се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинската асоцијација ИМКА Битола.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Со почит,

Мрежа за финансиска одржливост на граѓанските организации Конект и Младинска организација ИМКА Битола

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор