Bogojevski.jpg

Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на предлогот за именување на Петар Богојевски

Со одлука на Владата, Петар Богојески е именуван како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +) и треба да ја преземе функцијата на 15 мај 2025 година. Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности.

Програмата Еразмус+ се стреми кон промоција на еднакви можности и пристапност, инклузија, диверзитет и правичност во сите активности кои ги поддржува. Програмата исто така ги цени националните агенции како клучни во поддршката на проекти кои овозможуваат што е можно поголема инклузивност и застапеност на различноста. За постигнување на овие цели, постои Рамка за мерки за инклузија и Стратегија за инклузија и прифаќање различности.[1]

Сметаме дека назначување на човек кој со своето однесување на социјалните медиуми секојдневно ги гази овие принципи и ги презира луѓето кои ги почитуваат, не само што не е основано, туку претставува и навреда на Програмата која постои повеќе од 35 години и која постојано вложува во развојот на младите. Истовремено сме и крајно загрижени од реакцијата на Министерката за образование која на укажувањата на повеќе чинители во општеството, вклучително и на Министерот за европски прашања изјавува дека неговата работа ќе се следи со поголем фокус.[2] 

Од друга страна, јавноста подолго време ја има можноста да го следи работењето на именуваниот директор – преку неговите изјави и коментари на социјалните мрежи. Мрежата за заштита од дискриминација интегрално ги пренесува искажаните изјави и однапред се извинува за цитирање на зборови коишто не се соодветни за било каква комуникација, особено не од страна на именувани функционери.

Искажани ставови и начин на комуникација

Преку неговите социјални мрежи (во прилог), именуваниот директор Петар Богојески има употребено вознемирувачки говор, навреди, говор на омраза и/или поттикнување на дискриминација, нетолеранција и/или насилство кон следниве заедници:

  1. Македонци – Во коментари кон неговите следбеници кои искажале спротивно мислење од неговото, има изјавено „нема попросто од македонче!“, „па пола од Македонците немаат прочитано една книга во животот и мислат дека Букефал бил крал!“ и „Нема позабеган народ од нас“. Во други преписки, се обраќа до граѓаните со зборовите „овци“, „магаре“, „стока јаничарска“, „стоко една“, „дебил“, „стоко неписмена“ итн.
  2. Албанци – При обраќање до албанското малцинство, неретко го користи зборот „шиптар“ и има изјавено „шиптар може само коза да ебе! За друго не го бива“.
  3. Жени – При онлајн препукување со негови следбеници, има реферирано на нечии сопруги, мајки, вујни итн. При преписка со следбеничка за промена на грбот, има изјавено „на грбот ништо, на вас ви фали почитувана госпоѓо. Ама тоа е Божја работа, не сте вие виновни.“ Поради контекстот, конкретната преписка можете да ја најдете во прикачените фотографии.
  4. Лица што живеат со ХИВ – Во преписки со следбеници за изглед на луѓе што се поддржувачи на друга идеологија, има изјавено „оф завалијата со ХИВ68“, „незнаат да читаат…загреота се! Ги потепа ХИВ68“, „сериозно е ова пореметување поради ХИВ68“ и „не може фајде со зараза од ХИВ 68“.
  5. Политичка основа: Во други наврати, преку својот профил, именуваниот директор Петар Богојески упатува навреди кон неистомисленици („, „има ли поглупо нешто од левичар“, , „абе вие на зајко измеќарите со јованка и до Дубаи отидовте! Баве тоа шутрачаааната“).
  6. Користење на навредлив и вознемирувачки говор: Во преписка со следбеник, којшто исто користи вознемирувачки говор, именуваниот директор Петар Богојески изјавува „ти провери ги тоа твоите околу тебе чиви копилиња се! Да не испадне комшијата замешан?“. На прашање на следбеник дали поставеното прашање е наградно, Богојески одговара со „да! Ќе добиеш патување во Газа.“

Претходни постапки

Богојески е обвинет за ширење на говор на омраза, особено преку социјалните мрежи. Во август 2024 година, Коалицијата „Вреди“ поднесе кривична пријава против него за објави на Фејсбук кои се сметаат за поттикнување на национална, расна и верска омраза.[3]

Активисти од повеќе граѓански здруженија (Селма Ризвановиќ Мандал – Здружение на жени ЕДУ НИСА Скопје, Аделаид Каришиќ – Бошњачки Истражувачки Центар Скопје, Изета Бабачиќ – Здружение на бошњачката жена Диванхана Скопје, Мерсиха Смаиловиќ – Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје, Мухамед Шукурица – Форум на Бошњаците во Македонија и Јусуф Чоловиќ – Здружение на граѓани НАФАКА) до Министерството за внатрешни работи поднесоа пријава за говор на омраза и закани до Петар Богојески, државен советник во Министерството за одбрана.[4] Поради свои искажани ставови, Богојески доби и отказ од страна на Министерството за одбрана.[5]

Ширење дезинформации

На 3 декември 2023, Богојески одржа прес пред МВР и Обвинителството, објавувајќи опасна, етнички обоена дезинформација за грабнувањето на Вања Ѓорчевска, со која ги разгоре социјалните мрежи. Тој тврдеше дека властите прикриваат убиство, наведувајќи дека „осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица“ и прашувајќи „дали се веќе пренесени на Косово?!?“

Токму поради ваквите шпекулации дека случајот има етничка позадина, од Јавното обвинителство во своето соопштение од 3 декември 2023 година нагласија дека сите петмина осомничени за убиството се Македонци.[6]

Ваквите ставови и начин на комуникација немаат простор во јавниот дискурс, особено не од страна на именуван функционер. Нема простор ниту за  минимизирање на искажаните ставови на Богојески од страна на претставници на Владата, изјавувајќи дека „неговата работа посебно ќе се следи, поради реакциите во јавноста, но засега не може ништо да се комeнтира“. Агенцијата со којашто треба да раководи Богојески има мандат да „ја зајакнува улогата на доживотното учење во создавање на чувство за европско граѓанство засновано на разбирање и почитување на човековите права и демократијата и охрабрување на толерантноста и почитта кон другите народи и култури“. Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Северна Македонија. Националната агенција со остварување на овие програми придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката. Ставовите и изјавите на Богојески се спротивни на вредностите кои ги промовираат европските програми како Еразмус+, што го прави несоодветен за водечка позиција во институција која има за цел промовирање на европски вредности, инклузивност и меѓукултурна соработка.

Имајќи го предвид горенаведеното, Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на именувањето на Петар Богојески од функцијата директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор