Hero image for website 1200x675.jpg

Метаморфозис на Светскиот самит за Отворено владино партнерство 2025

Метаморфозис беше дел од Светскиот самит за Отворено владино партнерство, организиран од Владата на Шпанија од 7 до 9 октомври 2025 година во Виторија-Гастеис, Шпанија.

Самитот обедини над 2000 реформатори, лидери и експерти од над 70 земји со една единствена цел: зајакнување на довербата, транспарентноста и демократијата во свет што брзо се менува. Самитот се фокусираше на обновата на јавната доверба, заштитата на граѓанскиот простор и одговорната употреба на податоци и вештачка интелигенција за подобро управување. Усвојувањето на Декларацијата од Виторија-Гастеис од страна на речиси 160 влади и организации ја потврди глобалната посветеност на соработката, интегритетот и отпорноста во демократското управување.

За време на воведната пленарна седница, Самитот ѝ оддаде почит на добрата пријателка на ОВП и поранешна членка на Управниот комитет на ОВП, Хелен Дарбишир. Во нејзина чест, беа објавени првите добитници на првиот повик за апликации во рамките на Фондот за граѓанско општество „Хелен Дарбишир“, во чест на починатата застапничка за пристап до информаци и човекови права. Меѓу овие добитници беше и Фондација Метаморфозис во партнерство со Центарот за граѓански комуникации. Овие грантови ќе ги зајакнат процесите на отворена власт, ќе го одржат ангажманот на граѓанското општество и ќе поттикнат амбициозни реформи меѓу членовите на ОВП.

Како дел од Самитот, Данче Даниловска – Бајдевска, програмска директорка во Фондација Метаморфозис, беше говорничка на панелот „Повеќе од заложбата: Преглед на 15 години од патот на ОВП“. Како подготовка за одбележување на таа годишнина, сесијата направи преглед на главните достигнувања и влијанието на партнерството и преку пристап на обединување на податоците и приказните, сподели темелни податоци за влијанието на ОВП врз политиките, земјите и реформаторите во владата и граѓанското општество во изминатата деценија. Преку формат на брзи излгања, сесијата ги обедини реформаторите и даде можност да се слушнат вистински приказни од националните и локалните власти, граѓанското општество и лидерите на мислење (вклучувајќи ги и некои од членовите основачи) за тоа како ја користеле платформата ОВП за да ги унапредат своите цели.

Во својот говор, Даниловска – Бајдевска зборуваше за 15-годишниот пат на Северна Македонија во рамките на иницијативата, опишувајќи ја како заедница на вредности и платформа за отпорност што ја зајакна транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните – дури и во периодот на „заробена држава“. Таа се осврна на клучните реформи постигнати преку ОВП, како што се Отворениот трезор, Националниот портал за отворени податоци, регистарот на вистински сопственици и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нагласувајќи ја клучната улога на граѓанското општество во ко-креирањето и мониторирањето на шест Национални акциски планови. Истакнувајќи ги откритијата на локално ниво, таа посочи дека се објавени над 280 збирки на податоци од 50 општини, со што се доби меѓународно признание за алатките на Северна Македонија за општинска транспарентност на Светскиот самит на ОВП во Сеул.

Таа понатаму нагласи дека едно од најголемите влијанија на ОВП во Северна Македонија е институционализацијата на граѓанското учество преку Советот за Партнерството за отворена власт и Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт, која сега вклучува повеќе од 75 организации. И покрај предизвиците како ограничен институционален капацитет, политички промени и бавно спроведување на законите, таа нагласи дека вистинскиот успех на ОВП не се мери само преку податоци и усогласеност, туку преку довербата, соработката и културата на отвореност што се изградени помеѓу владата и граѓанското општество. Нејзината клучна порака беше јасна — вистинското влијание на отворената власт не лежи само во спроведените реформи, туку и во тоа како тие ги трансформираат односите, отчетноста и довербата на граѓаните во институциите.

Самитот беше затворен со завршните зборови на Неговото височество, кралот Фелипе VI кој нагласи дека отворената власт е камен-темелник на демократијата и јавната доверба.

The post Метаморфозис на Светскиот самит за Отворено владино партнерство 2025 first appeared on Metamorphosis.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор