Се одржа настанот “Марш за 8-ми март: Држава што не постапува е држава што силува” каде што се придруживме на платформата за родова еднаквост и сите граѓански организации кои што побараа дејстувување на институциите затоа што секое непостапување е соучество!

И бидејќи борбата за родова еднаквост не трае само еден ден, продолжуваме со уште маршови! На 10.03 маршот го започнуваме од плоштадот во Прилеп со делење на материјали и пораки за потребата од родова еднаквост во руралните средини, но и со женски форум за родови прашања.

Придружете ни се затоа што само здружени можеме повеќе!