Колкав е економскиот ефект од Бугарските посетители во Делчево, Берово и Пехчево?

ЦЕА во рамките на проектот економските активности во пограничните региони на Северна Македонија со Бугарија: запоставена димензија го објави вториот извештај за економските ефекти во пограничните региони Делчево, Берово и Пехчево

Кратки заклучоци од Извештајот

Во овој Втор извештај, севкупната состојба од теренското истражување укажува дека посетите од бугарските граѓани е зголемена во овој период на известување но, просечната потрошувачка по посетител е намалена.

Просечната вредност на потрошувачката по услуга на месец од страна на посетителите од Бугарија во микрорегионот е околу 150 евра (во претходните период изнесувала 253 евра на месец).

Малите продавници бележат зголемен промет од бугарските посетители, споредено со изминатиот квартал, а во наредниот период најголем број од нив очекуваат прометот да остане непроменет.

Во хотелите и рестораните во сите три општини се бележи зголемен промет од бугарските посетители споредено со минатиот квартал и најголем број од нив очекуваат прометот да остане ист и во следниот период.

Во зелените пазари во Делчево се бележи претежно намален промет од страна на бугарските посетители споредено со минатиот квартал и најголем број од сопствениците или закупувачите на тезги на зелените пазари очекуваат зголемен промет за следниот период (во Берово се очекува истиот промет во следниот период).

Делчево добива најмногу од посетите од бугарските посетители поради близината на граничниот премин. Во Делчево во просек има 16 пати повеќе бугарски посети отколку во Берово и Пехчево.

Потрошувачката на посетителите од Бугарија во Делчево изнесува околу 5,1% од собраните локални даноци во Делчево. Во Пехчево е околу 1% и половина процент во Берово.

За Проектот

ЦЕНТАРОТ ЗА ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ-ЦЕА ГО СПРОВЕДУВА ПРОЕКТОТ НАСЛОВЕН:

ЕКОНОМСКИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПОГРАНИЧНИТЕ РЕГИОНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО БУГАРИЈА: ЗАПОСТАВЕНА ДИМЕНЗИЈА, ФИНАНСИРАН ПРЕКУ БУГАРСКАТА РАЗВОЈНА ПОМОШ.

Општа цел: Промовирање социоекономска кохезија вклучувајќи работа со млади луѓе, зајакнување на добрососедските односи, регионална стабилност и меѓусебна соработка, социоекономска соработка.

Специфични цели: Градење на истражувачките капацитети на младите; мобилизирање  дебата заснована на докази за економските активности во пограничниот регион Делчево, Пехчево и Берово; подигнување на свеста за потребата од подобро инфраструктурно поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија

Целна група: Месното население на Берово, Пехчево и Делчево; државната и општинската администрација на трите општини со што е овозможен поголем опфат на резултатите од реализираниот проект.

Повеќе информации на следниот линк: https://cea.org.mk/proekt-ekonomskite-aktivnosti-vo-pogranichnite-regioni-na-severna-makedonija-so-bugarija-zapostavena-dimenzija/

The post Колкав е економскиот ефект од Бугарските посетители во Делчево, Берово и Пехчево? appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор