Media 4 661x1024 1

Кликови, пари и избори: Политичките онлајн реклами да имаат дигитални отисоци

Онлајн рекламите требаат да имаат т.н. (дигитални) отисоци, како би можело да се следи кој плаќа за тие реклами, за или против кого се наменети. А, ваквите отисоци од рекламите не само што треба да содржат што е можно повеќе информации и детали, туку треба и да бидат собрани во соодветни датотеки и како би можело да има поголема транспарентност и би можело истите полесно да се следат. Ова беа некои од заклучоците коишто д-р Магнус Оман, виш советник за политички финансии при Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), ги сподели на денешниот брифинг со новинарите во Скопје, организиран од Фондацијата Метаморфозис и IFES, во рамки на проектот „Парите, медиумите и изборите во Северна Македонија“. Д-р Оман даде компаративна перспектива на политичко рекламирање низ светот, како и некои од добрите практики, велејќи:

– Платеното онлајн финансирање, како што е очекувано, претставува најголем дел од политичкото финансирање за време на изборите. На пример, само последните два месеци од минатогодишните претседателски избори со САД беа потрошени 700 милиони долари и тоа само на Мета и Гугл, од вкупните 1.2 милијарди што биле потрошени за онлајн рекламирање за време на кампањата.                                               Д-р Оман нагласи дека не треба да се земе една држава како пример и целосно да се препише системот, законот за пријавување на финансиите, особено затоа што, според него, многу од регулаторните рамки и закони доцнат зад новите начини на политичко рекламирање. Тука го издвои примерот на Доналд Трамп кој за претседателските избори имал одвоено помалку средства за политичко рекламирање и повеќе се осврна кон инфлуенсерите и интернет коментаторите.

Токму за ова зборуваше и Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на минатонеделната панел дискусија. Таа посочи дека медиумската регулатива ги опфаќа инфлуенсерите што споделуваат видеа на онлајн платформите со цел да ги информираат, забавуваат или едуцираат корисниците, и од тоа остваруваат економска добивка. А со новиот правилник што Агенцијата треба да го донесе оваа година, ќе се прецизираат критериумите за тоа кои инфлуенсери ќе бидат предмет на законска регулација.

„Доволно е во [изборниот] законик да се спомене онлајн рекламирање“ вели д-р Оман, со што ќе се даде соодветен надзор и со тоа ќе им се даде можност на регулаторните комисии може да го појаснат каков би било начинот на пријавување и известување за средствата на онлајн рекламирањето, што би се сметало како онлајн политичко рекламирање, а што не.

Исто така, тој потенцира дека не се само „државите“, односно политичките субјекти, должни да бидат максимално транспарентни за рекламното финансирање, туку и самите платформи и огласници каде се пласираат овие реклами. Со други зборови, колку средства одвоиле кандидатите, колку и од кого имаат добиено платформите.

Тој потенцира дека ЕУ регулативите дури сега ќе треба да се усогласуваат меѓу земјите членки, особено заради тоа што и самите имаат различни закони за политичко рекламирање. Така, ќе се

мониторираат усогласувањето сите членки посебно, а ЕУ комисија ќе го прави мониторингот во земји кандидати како С. Македонија.

Понатаму, д-р Оман сподели и неколку добри практики што е добро да се применат. Неколку пати беа нагласени т.н. (дигитални) отисоци или imprints, со кои би можело да се следи кој колку плаќа за тие реклами, за или против кого се наменети. Ваквите отисоци би се собирале во некакви датотеки, слично како библиотеките на реклами на Мета и Гугл. Како позитивен пример што наликува на ваков систем беше издвоен „Political Advert Repository“ (Складиште за политички реклами) или PADRE од Јужна Африка.

PADRE всушност e иницијативна на јужноафриканската изборна комисија што цели да ги систематизира токму онлајн и дигиталните политички реклами во лесно достапни библиотеки, кои ќе ја зголемат транспарентноста во изборните процеси.

Фото: Скриншот од јужноафриканската библиотека на политички реклами, PADRE

Иако, како што сподели д-р Оман и како што може да се види од самата веб-страница, библиотеката е празна и допрва треба да се наполни, целта е да се овозможи што полесно и побрзо да се постигне процесот. Ова е втората препорака за добра практика што д-р Оман ја сподели. Тој смета дека овој процес на известување за политичкото рекламно финансирање треба да се направи да биде поедноставен, за да може да биде мониториран.

Последен пример што го сподели д-р Оман е додавање на некаков вид на кодови на самите реклами. Тие кодови би оделе под рекламата и би можеле да се проверат во датотеката како PADRE. Или, пак, кодови кои би имале линк што ќе пренасочи до библиотеките каде што би можело да се види кој стои зад рекламите и колку средства биле платени за нив.

Преземено од Вистиномер

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор