Viber image 2025 08 29 09 56 32 146

JАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ  ЗА РАЗВОЈ И НУДЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ НА ЛОКAЛНО НИВО  

ТРАНСФОРМИРАЈ ЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА!
 Дали сте подготвени да направите позитивна промена во вашата околина?

Дали вашата организација има иновативна идеја што може да придонесе за подобар живот на жените, девојките, децата и маргинализираните заедници во локалната заедница?

Аплицирајте за мал грант и станете дел од мрежата на организации што ги бранат човековите права и се залагаат за родова еднаквост!

Во ваков случај имате можност да се пријавите на Jавниот повик за доделување на мали грантови за развој и нудење на услуги на локално ниво во три локални самоуправи.

Повикот, потребните документи за аплицирање и буџетот, како и подетално упатство за аплицирање се достапни во електронска форма на веб-страницата на ХЕРА и може да се преземат од  www.hera.org.mk.

Водич за аплицирање – одобрен од ЕУ

Образец за аплицирање – одобрен од ЕУ

Образец за буџет_Прилог 3 

Формулар за аплицирање – одобрен од ЕУ

Изјаван од апликат – одобрен од ЕУ_1

 Намерата на  активноста за доделување грантови е поддршка на граѓанските организации во развој и нудење на  инклузивни, родово сензитивни и недискриминаторски социјални услуги во заедницата за жени, деца, девојки и маргинализирани заедници. Активноста се стреми да  обезбеди ефикасен систем на социјална заштита на локално ниво за жени, девојчиња, деца и маргинализирани заедници како и да поттикне градење на партнерства меѓу граѓанските организации, локалните власти, надлежните институции од социјална и здравствена заштита, агенциите за заштита на човековите права од дискриминација и други чинители за подобрување на пристапот до социјални услуги за ранливите групи и за создавање на инклузивни локални заедници.

Преку оваа активност, се очекува :

  • Подобрена локална социјална заштита преку обезбедување на достапни и недискриминаторски социјални услуги за жени, девојчиња, деца и маргинализирани заедници;
  • Воспоставени или унапредени локални социјални услуги за поддршка на жртви на насилство, особено во средини каде што постојат дискриминација, стереотипи и ограничен пристап до услуги;
  • Зајакнати капацитети на локални граѓански организации за развој и спроведување на психосоцијални, здравствени и правни услуги за ранливите заедници;
  • Создадени партнерства со надлежните локални институции како центри за социјална работа, општини, здравствени и образовни установи;
  • Зголемена свест на локално ниво преку кампањи, јавни настани и едукативни активности за да подигне јавната свест за важноста на пристапот до социјални услуги;
  • Промовирани успешни модели и добри практики на социјални услуги кои ќе можат да се применат и во други заедници.

Право на учество имаат граѓански организации кои имаат искуство во работа со маргинализирани заедници и делуваат во областа на човекови права, родова еднаквост или/и социјална заштита.

Граѓанските организации кои ќе аплицираат на овој повик треба да ги исполнуваат следниве критериуми :

  • домашна граѓанска организација формирани согласно Законот за здруженија и фондации;
  • регистриран согласно горенаведениот Закон најмалку две години пред објавата на овој повик и со активен статус;
  • апликантите мора да се лоцирани надвор од Скопје;
  • предложените проекти демонстрираат јасна визија, соодветно на потребите на граѓаните на кои се однесуваат активностите;
  • предложените проекти имаат дефинирано јасна улога на партнерите во спроведување на активностите;
  • поднесената апликација е целосно комплетна и ги вклучува сите потребни документи;
  • апликацијата е поднесена во дадениот рок;
  • бараната финансиска поддршка не ја надминува понудената сума во повикот.

Граѓанските организации ќе имаат можност да обезбедат краткорочно одржување на своите програми и активности преку кои придонесуваат за целните групи и јавниот интерес и за остварување на сопствените мисии и визии.

Оценувањето на пристигнатите апликации ќе се врши низ следниве критериуми :

  • Директна поддршка на апликации кои демонстрираат јасна посветеност за зајакнување на системот на социјална заштита на локално ниво преку воспоставување и нудење социјални услуги;
  • Воспоставување иновативен модел на соработка меѓу граѓанските организации, надлежните центри за социјална работа и други јавни институции;
  • Искуство во работа со маргинализирани заедници, вклучително и ЛГБТИ лица, лица со попреченост, Роми и други етнички малцинства;
  • Применува интерсекциски пристап во развојот и реализацијата на социјалните услуги, водејќи сметка за родот, етничката припадност, сексуалната ориентација, попреченоста и други фактори на ранливост;
  • Обезбедува креативна и ефикасна стратегија за вклучување на жени, девојчиња, деца и маргинализирани заедници, вклучително и ЛГБТИ лица, лица со попреченост, Роми и други етнички малцинства, во процесите на дизајн и користење на социјални услуги;
  • Обезбедува стратешка видливост на активностите преку користење на традиционални и нови медиуми (социјални мрежи, локални медиуми, јавни настани);
  • Гради партнерства помеѓу различни чинители, вклучувајќи го граѓанското општество, институциите и медиумите на локално ниво.

Апликациите ќе добијат додадена вредност до 20 поени за веќе воспоставена соработка со Центар за социјална работа и/или локален медиум (до 10 поени), како и за вклучување на партнери (граѓански организации, јавни институции или медиуми) во имплементацијата на проектот (до 10 поени).

За селектираните апликации ќе се обезбедат финансиски средства во вид на мали грантови во висина од 307.500,000 МКД.  Вкупната буџетирана сума на располагање за мали грантови изнесува 15.000 евра (922.500,000 МКД), со намера да бидат распределени на 3 гранта преку овој повик.  Средствата се обезбедени од проектот „Градење на заедница на бранители на човекови права за родова еднаквост”, финансиран од страна на Делегацијата на Европска Унија во Скопје.

Рок на пријавување: Најдоцна до 26.09.2025 година до 16 часот

Период на спроведување: Периодот за имплементацијата на мали грантови доделени во рамки на овој повик е 6 месеци (октомври 2025 до март 2026). Периодот на имплементација ќе биде прецизно дефиниран во договорот за грант со секој од одобрените проекти.

Контакт: Дополнителни прашања поврзани со повикот можат да се постават на е-маил: iva.mihajlovska@hera.org.mk со назнака: „Прашање за Повик за доделување мали грантови за граѓански организации“ најдоцна до 10.09.2025 година до 16 часот. Одговорите ќе бидат обезбедени ро рок од два работни дена од добивањето на прашањето на е-маил.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор