Brifing dokument za pozicija patokaz za zashtita na demokratijata scaled e1747823964774 1024x386.jpeg

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи – политичка волја, усогласеност во делувањето, координација и акција како и здружување ресурси и зголемување инвестиции во решавањето на проблемот.

Ова се само дел од заклучоците и препораките кои се дел од „Документ за позиција: Патоказ за заштита на демократијата од информациски закани“, кои беа истакнати денеска на брифинг за новинарите во Фондацијата Метаморфозис, која, пак, заедно со Мрежата против дезинформации за Балканот (АДН-Балканс), низ процес на широки консултации преку соработка со меѓународните и регионални партнери, решението го наоѓа во сопфатниот пристап на целото општество. За таа цел, изработен е патоказ за заштита на демократијата од информациски закани.

„Системската злоупотреба на информацискиот простор преку дезинформациски кампањи ја зголемува ерозијата на јавната доверба што ја доведува до криза на демократскиот систем. Западниот Балкан, како еден од најранливите региони во Европа, се соочува со сериозни предизвици во зачувувањето на интегритетот на демократските институции и процеси, поради отсуството на регулатива усогласена со европските стандарди и недостаток на координирана акција на демократските актери, за зачувување на демократските институции“, пишува во резимето на документот.

Директорот за партнерство и развој во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски, заедно со Светлана Силјановска, специјалистката за стратешки комуникации, кои се уредници на документот, денеска го презентираа пред новинарите.

„Напуштен е концептот на гледање на дезинформациите низ призма на медиуми, тие се третираат како демократски закани, а нивната цел е нарушување на демократскиот поредок. Идејата за политичка или партиска етикета на дезинформациите е надрасната. Изработивме патоказ со неколку елементи кои ни служат како насоки. Ако постои регионална Стратегија за дезинформации, треба да има и Стратегија за справување со дезинформации. Во документот имаме три приоритети – зачувување на интегритетот на изборите, зачувување на демократијата и правото на граѓаните за носење информирани одлуки, како и демонетизација на дезинформации и зајакнување на информациски интегритет“, рече Силјановска.

Стојановски, пак, истакна дека до надлежните, уште пред неколку години, бил поднесен предлог од граѓанските организации со кој намерата била да се започне процес на градење Национална стратегија за градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите. Тој посочи дека државите кандидатки за членство во Европската Унија се обврзани да развијат такви механизми. Иако иницијативата беше прифатена и од претходната и од тековната влада, до денеска, нема информација дека надлежните започнале процес на градење таква Стратегија.

„Идејата беше тоа да биде документ за политики и план со конкретни чекори, со цел да ѝ се помогне државата и практично, а и за да напредува во процесот на евроинтеграции“, рече Стојановски. Оваа иницијатива беше позитивно оценета во Извештајот на Европската Комисија за 2024 година како единствен таков чекор на ниво на Западен Балкан.

Во дискусија на темата, Зоран Бојаровски, главниот уредник на Рацин.мк, истакна дека информациските закани никогаш нема да престанат.

„Тие само ќе се усовршуваат во начините, методите, алатките за да ја постигнуваат нивната цел. Но и борбата против информациските закани не треба никогаш да престане. И токму овој документ го позиционира тоа, дека само холистички и сеопфатен пристап може да даде резултат и само тогаш може да бидеме оптимисти дека таа борба никогаш нема да престане“, рече Бојаровски на брифингот.

Брифинг за новинарите во Фондацијата Метаморфозис. Фото: Мета.мк.

Во документот, на крајот се наведени препораки за меѓународни организации и чадор тела, препораки за државните институциите од Западен Балкан, за практичари кои се справуваат со информациски закани и манипулации, потоа, препораки за медиумите и медиумските организации, препорки за мрежи на практичари, како и препораки за академската заедница.

„Долгорочната отпорност на Западен Балкан може да се изгради само преку единствена регионална стратегија, буџети сразмерни на оние на антидемократските актери, политичка волја и координирана акција. Наспроти фрагментираното делување, ваквиот пристап обезбедува колективен одговор на системска закана кој ќе даде посилен ефект, и ќе почне да ја зајакнува довербата во демократските институции од граѓаните штитејќи го нивното право на носење на информирана одлука како темел на демократскиот процес“, пишува во документот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор