Panel diskusija demokratijata vo rizik 3 1024x683.jpg

Интегритетот на изборите во време на ТикТок и вирални кампањи: како информациските закани го разнишуваат изборниот процес?

Со појавата на интернетот и социјалните мрежи, бројот на информациски напади драстично се зголеми и нивното влијание врз демократските процеси стана уште поразорно. Изборите, како скапа и суштинска компонента на општествениот живот, денес се едни од најранливите механизми во демократските општества – постојано се под напад од внатрешни и надворешни актери, беше истакнато на панел-дискусијата

Следењето на информацискиот простор е постојана борба. Информациските закани отсекогаш биле пречка за демократијата и за слободни и правични избори во човековата историја. Но, со појавата на интернетот и социјалните мрежи, бројот на информациски напади драстично се зголеми и нивното влијание врз демократските процеси стана уште поразорно. Изборите, како скапа и суштинска компонента на општествениот живот, денес се едни од најранливите механизми во демократските општества – постојано се под напад од внатрешни и надворешни актери.

Ова беа заклучоците од панел дискусијата насловена „Демократијата во ризик: Интегритетот на изборите наспроти информациските закани – искуства на Западен Балкан и ЕУ и намалување на ризикот“ што се одржа денес во рамки на конференцијата „Заеднички за вистината: Сеопфатен пристап на целото општество кон заштита на демократијата“.

Панел дискусијата обедини говорници од повеќе земји на Западен Балкан и ЕУ, кои ги пренесоа искуствата од нивните општества во однос на влијанието на информациските закани по демократските избори.

Трагедијата во Кочани во која загинаа 59 млади луѓе ги поттикна ПР и другите механизми со кои политичките партии се служат обично пред избори – спин, насочување на емоциите, повикување на правила и на морал, етика во медиумите, а ги вклучија и таканаречените „фарми на ботови“ со говор на омраза и закани. Ова го истакна извршната директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Билјана Георгиевска.

Според неа, ваквото инструментализирање на трагедијата од страна на партиите се прави во соработка со дел од традиционалните и онлајн медиумите, кои без критичка обработка ги шират наративите на политичките партии.

„Вклучувањето на сите овие механизми беше резултат на и покренато од несреќата, но терминот навистина се погоди – 6 месеци пред локалните избори, кога овде почнува да се води неофицијална изборна кампања“, рече Георгиевска.

Како што додаде таа, дури ни трагедијата, не само што не ги обедини медиумите во заеднички повик за безбедност на сите граѓани во оваа земја во иднина, туку ги подели околу степенот на известување за трагедијата.

Отиде дури во крајности – едни бараат целосно симнување на камерите, наводно штитејќи ја приватноста на жртвите и семејствата, други продавајќи ја тагата за лајкови и кликови, додаде извршната директорка на СЕММ.

„ПР фабриката“ на сите политички партии е пуштена со ризик да му наштети на интегритетот на изборите што доаѓаат, оцени Георгиевска.

Таа истакна дека без јасна регулатива, изборниот процес ќе продолжи да биде под ризик и нагласи дека е потребно итно да се разгледа Изборниот законик и да се направи разлика меѓу одговорните и неодговорните медиуми.

Емилија Петреска-Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) истакна дека, иако традиционалните медиуми се подложни на мониторинг и имаат јасни правила, за онлајн кампањите не постојат прецизни насоки.

На последните двојни избори (парламентарни и претседателски) во земјава се мониторирале над 5 милиони секунди реклами на радио и телевизија – податок кој, според Петреска-Камењарова, зборува за обемот на финансиски средства кои се издвојуваат за политичкото рекламирање. Но, во дигиталниот простор речиси и да нема регулација.

Таа празнина која постои е исполнета со кампања која континуирано станува сè пожестока. Сведоци сме, гледаме, има истражувања кои јасно покажуваат дека сè повеќе кампањите се селат во онлајн просторот и особено дека имаме наплив на активност на функционерите на социјалните мрежи за време на кампања. Тој наплив е толку голем што дури ОДИХР во својот извештај за претходните избори кажа дека треба да се применат јасни правила во Изборниот законик за учеството на функционери во кампањите на социјалните мрежи, рече Петреска-Камењарова.

Како што додаде, АВМУ длучила да иницираме кодекс за однесување за онлајн кампањи, но како регулаторно тело, не можат да го направат тоа сами. Им треба соработка со други чинители.

Фото: Ванчо Џамбаски

Мадалина Воинеа од Експерт Форум, Романија, го сподели искуството на нејзината земја со кандидат на претседателските избори што се одржаа минатата година, кој, и покрај огромната онлајн кампања, не пријавил никакви трошоци за неа. Таа предупреди на институционалниот неуспех да се регулира дигиталниот простор и посочи на ТикТок како „една од најмоќните алатки за политичка комуникација“ во Романија.

Има многу празнини кога станува збор за дозволувањето на вакви кампањи да станат вирални. Постојат мал број мерки за да се спречат ваквите кампањи. Она што ние го откривме во нашето истражување беше дека околу 30.000 профили беа активирани од септември – не само еден месец пред изборите, туку и по изборите. Постои недостаток на транспарентност кога стануваше збор за финансирањето на рекламите. Нема информации колкава сума била потрошена, за називот на оној што ја објавил рекламата и беше потешко да се утврди опсегот на проблемот. Можеме да ги видиме само координираните мрежи и сите ние знаеме дека тоа претставува координиран обид да се влијае врз информацискиот простор, потенцираше Воинеа.

Таа појасни дека биле креирани и многу лажни профили на социјалните мрежи, кои објавувале сатира и шеги на кои се изградила комуникациската кампања на спорниот кандидат.

Ова во голема мера беше кампања каде што беа користени едни исти реченици, со имиња и содржини кои беа ‘копи-пејст’. Ова беше јасна индикација дека станува збор за координирана кампања, но исто така беше неочекувано. Беше јасно дека се активира и деактивира. Откако беше конечно откажана неговата кандидатура, неговиот официјален профил е сосема различен. Исто така, бројот на вакви профили се намали речиси на половина, рече Воинеа.

Таа нагласи дека Романија пред изборите не поседувала ниту еден механизам за справување со вакви онлајн закани, но по изборите започнало градењето институционални капацитети и усвојувањето практики слични на оние од ЕУ.

Ние бевме учтиви кон платформите. Тоа многу не чинеше. Време е да зборуваме помалку за соработка, а повеќе за усогласеност. Нашата иднина е во прашање, заклучи Воинеа.

Тамара Бранковиќ од ЦРТА, Србија, кажа дека, за разлика од други држави каде за мешање во изборите се обвинуваат странски актери, во Србија проблемот е „домашен“ и „самата држава е најголемиот извор на манипулација и дезинформации“.

Ние сме во принцип доста традиционални во начинот на информирање и власта и претседателот Вучиќ го користат пристапот на медиумите за да го кршат уставот за да ја централизираат власта. Само во 2024 година, Вучиќ се појави повеќе од 350 пати во живо на телевизија, со покривање и преноси во живо. Од година во година, неговите телевизиски настапи се сè почести, рече Бранковиќ.

Таа смета дека клучно е граѓаните да добијат алатки со кои ќе можат да препознаат дека нешто не е во ред со изборниот процес, и дека ЕУ мора да се вклучи поактивно.

Фото: Ванчо Џамбаски

Барди Бакија од Sbunker, Косово, ги истакна авторитарните трендови и дезинформациските кампањи кои доаѓаат од границите на земјата, како што рече, особено од северот, но и од глобалните екстремистички наративи. Неговите анализи покажуваат дека поранешни маргинални ставови, преку социјалните мрежи, сега добиваат мејнстрим карактер, особено кај младите.

Кој и да е нашиот одгоовр на ова, треба да земеме предвид колку се напредни методите и стратегијата на овие чинители. Една од најголемите гршеки што може да ја сториме овде е да ги потценуваме кампањите за дезинформации, методологијата, софистицираноста и нивната способност да ја ангажираат младата публика, предупреди Бакија од „Sbunker“.

Панелот го модерираше Никола Петровиќ од ИСАЦ, Србија, кој подвлече дека демократијата е многу повеќе од слободни избори – таа е борба против заканите кои ја разнебитуваат довербата во институциите, посебно кога тие закани доаѓаат во форма на дезинформации, прикриени манипулации и медиумски спинови.

Панел-дискусијата заврши со јасна порака: демократските општества мора да бидат подготвени, отпорни и информирани за да ја одбранат вистината и интегритетот на изборниот процес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор