еко лоигк

Инспиративен GREEEN настан во Скопје!

🎉 Инспиративен GREEEN настан во Скопје! 🌍
📍 30 април | Младински Центар Матично

Под мотото „Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците“, Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес го организираа мултипликаторниот настан за промоција на резултатите од проектот GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education Network.

👥 На настанот беа споделени:

Прирачник за претприемништво – со нови идеи за претприемачки предизвици.

Прирачник за воннаставни активности – креативни решенија за учење надвор од училница.

Онлајн лекции – 80 нови дигитални ресурси од областа на природни и општествени науки, уметност  технологија, кои ќе го збогатат искуството на наставникот.

Презентација на најдобрите еколошки иницијативи и претприемачки проекти – извонредни примери на иновации и еколошки проекти во кои учениците активно учествуваa.

Статии од онлајн весник, создадени од учениците- повеќе од 100 написи кои се фокусирани на еколошки прашања и претприемништво

Презентација на стрип – визуелно инспиративно согледување на еколошките проблеми.

Учениците зборуваа за своето искуство од нивното учество преку подготвка на статии, стрип и проекти

📣 Што велат учесниците?
✔️ Одлична организација и корисна содржина
✔️ Практични и иновативни примери, особено стрипот како едукативна алатка
✔️ Доволно време за дискусија и размена на искуства
✔️ Силна желба за повторна соработка и идни активности

Овој настан го потврди значењето на креативниот пристап во едукацијата и важноста на соработка помеѓу ученици и наставници. Продолжуваме со уште поголема мотивација! 💡🌿

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор