1000005947 1920x1080

Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍.

Овојпат, ни се придружија Филип од Градината на Филип, Димитар, како и граѓаните-градинари од општествената градина Бостание 🌱. Со нив споделивме искуства, совети, насмевки – и научивме нешто многу вредно: дека секој може да почне со градинарење, без разлика дали има голем двор или само мал балкон.

Совет за почетници? Почнете со ротквички!
Тие растат брзо и ве наградуваат со првите резултати од вашиот труд уште на самиот почеток. Освен тоа, научивме да садиме според сезоната, да садиме со љубов и да се грижиме да има што повеќе зеленило и плодови – дури и во срцето на градот.

🙏 Огромна благодарност до нашите инспиративни предавачи и до сите учесници кои дојдоа од различни делови на Скопје. Посебна благодарност до љубопитните и великодушни градинари од Бостание, кои несебично ги споделија своите приказни, совети и топлина со сите присутни .

Овој настан беше дел од серијата активности кои Еко Логик ги реализира во рамки на ГЕА проектот во текот на април и мај. Се гледаме наскоро на следниот настан!

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор