Голем чекор напред: Министерството за образование и наука се приклучува како партнер во проектот за спречување на употреба на дроги во средните училишта!
Употребата на психоактивни супстанции кај младите е алармантна. Според последните истражувања, речиси 40% од младите експериментираат од љубопитност, а 28.6% од лична незадоволност. Овие бројки не се само статистика – тие се повик за акција.
Како одговор, започнавме иницијатива за воспоставување на „Национален систем за превенција на употреба на дроги во училиштата“, предводен од ХОПС во партнерство со граѓанскиот сектор и институциите.

Нашите цели:
- Развој и усвојување на национални стандарди и програма за превенција
- Изработка на практичен прирачник за наставници, психолози и педагози
- Обука на над 200 професионалци
- Пилот програма во избрано средно училиште
Денес со задоволство објавуваме дека Министерството за образование и наука официјално ја поддржува и стана партнер во иницијативата за воспоставување на „Национален систем за превенција на употреба на дроги во училиштата“!
Ова е клучен чекор кон институционализација на превенцијата – не како ад-хок активност, туку како системски пристап кој ќе го заштити здравјето и иднината на учениците во Северна Македонија.
Благодарност до МОН за визијата и партнерството. Сега е време за заедничка имплементација.




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42780](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/plarforma.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42880](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/godisen2024-e1766492034805.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42901](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/16874697676981200910-fotor-naslovna.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42864](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/img_3895-1024x768-1-768x576.jpeg)