Фестивал на биодиверзитет 2022
Ве покануваме да земете учество на манифестацијата “Фестивал на Биодиверзитет”, кој го организира конвивиумот „Слоу Фуд Водно“, оваа сабота 02.07 2022 од 10-18 часот во Парк на франкофонијата, Скопје.
Да ги откриеме вкусовите на локалниот зеленчук и овошје, традиционалните сирења и месни производи, да ги дегустираме и потоа препорачаме на нашите пријатели. Заедно да ја подигнеме јавната свест за значењето на локалниот биодиверзитет на храна. Да им помогнеме на малите производители во заштитата, промоцијата и валоризација на локалната и автентична храна, што ќе придонесе за економски развој на руралните средини и транзиција кон еколошки одржливо опшество.







![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53070](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/viber_image_2026-11-03_12-35-55-937-726x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53072](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/IMG_3882-scaled-1-768x576.jpg)