Еко Логик станува дел од коалицијата за заштита на урбаното зеленило
За првите чекори во оваа иницијатива, имавме можност да учествуваме на јавна дебата на тема заштита на урбаното зеленило, каде се разговараше за предизвиците и можностите за подобрување на состојбата во урбаните средини.
Оваа активност е дел од поширока рамка на проектот “Граѓаните против корупцијата во животната средина,” кој е финансиран со цел поддршка на транспарентноста и инклузијата во процесите поврзани со управувањето на природните ресурси.
Соработката и отворениот дијалог меѓу граѓанските организации и институциите се клучен чекор кон создавање одржливи и зелени урбани простори. Еко Логик ќе продолжи активно да се ангажира во заштитата на природните вредности и промоцијата на еколошките принципи во урбаните заедници.