Prosumeri 848x400

Дали со новиот закон веднаш се менува начинот на пресметка за просумерите до 10 kW?

Со донесувањето на новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, е наведено дека се менува начинот на пресметка за просумерите до 10 kW за предадените и преземените kWh во мрежа. Со законот се предвидува дека наместо да се користи финансиски модел на пресметка, се преминува на модел каде за секој предаден kWh во мрежа истиот се признава како енергетски депозит и може да се користат предадените kWh во зима кога фотонапонските централи помалку произведуваат електрична енергија. Она што е исто така променето е дека начинот на пресметка ќе се врши еднаш годишно до 1 април, а не како досега 2 пати годишно до 30 јуни и 31 декември.

Овие измени се наведени во член 55 и се дадени во став (1), точка 1, каде е пропишано за електроцентрали со инсталирана моќност до 10 kW пресметката на преземената и предадената електрична енергија ќе се врши со нето-мерење.

Понатаму, во став (4) од истиот член се појаснува концепт на ова нето-мерење каде се кажува следното:

  • Вишокот на испорачана електрична енергија во мрежата се признава како енергетски депозит во киловат-часови (kWh).
  • Овој депозит се користи за намирување на разликите во наредните пресметковни периоди
  • Негативната нето-разлика (кога трошите повеќе отколку што произведувате) претставува основа за фактурирање согласно договорот со снабдувачот.
  • Пресметката се врши месечно, а финалното годишно срамнување се прави до 1 април во тековната година за претходната година, каде евентуалниот преостанат вишок снабдувачот го откупува по договорена цена.

Она што важно да се напомене е дека иако во Членот 55 се наведени измените за просумерите до 10 kW, неговата реална примена е ограничена и модифицирана со преодните одредби лоцирани на самиот крај на законот. Според Член 108, став (1), сите потрошувачи-производители кои до денот на стапување во сила на новиот закон применувале нето-мерење, ќе можат да го користат постоечкиот систем на наплата најдоцна до 31 декември 2026 година.Она што е клучно е навевдено во став (2) од истиот член, каде е кажано дека по истекот на овој рок (односно од 1 јануари 2027 година), овие потрошувачи задолжително преминуваат на примена на систем на одделно мерење и финансиско порамнување.

Како ќе се пресметува ова порамнување од 2027 година е прашање што допрва ќе се дефинира. Една од опциите е пресметката да се врши по моделот на нето-пресметка  од Член 57, став (5), каде што вредноста на вашиот вишок електрична енергија се пресметува како производ од количините и договорената цена, но намалена за 5%.

Она што е клучно за да видиме по кој модел ќе се пресметува вишокот на предадена енергија и за да започне во пракса да се применува ова финансиско порамнување, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини допрва треба да донесе дополнителни подзаконски акти и методологии. Законот во Член 116, став (1) им дава рок на институциите од две години за донесување на овие акти.

Додека овие нови документи не бидат официјално објавени и ставени во функција, во сила останува Член 107, став (2) од преодните одредби. Тој изречно пропишува дека во овој преоден период продолжува да се применува постоечкиот начин на пресметка утврден согласно со актуелниот Правилник за обновливи извори на енергија.

Тоа значи дека сметките и понатаму ќе се пресметуваат по досегашните правила од Правилникот од 2024 година, каде вишокот струја во старт се вреднува со признавање на 90% од вредноста на активната енергија (без вклучена мрежарина и даноци).

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за климатски промени (ЦКП)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор