659894815 1262485912683852 4593314610413438491 n

Чекор по чекор до родово одговорен локален буџет

„Гласен Текстилец“, заедно со партнерските организации ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип              
и Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, во рамките на проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, спроведува кампања за родово одговорно буџетирање на локално ниво.

Кампањата преку низа пораки потсетува на неколку клучни факти:

  • Буџетот не е неутрален, ако не ги препознае различните потреби на жените и мажите, ја продлабочува нееднаквоста;
  • 59% од жените не знаат што е родово одговорен буџет, а повеќе од половина никогаш не учествувале во јавни расправи и не веруваат дека нивниот глас ќе биде слушнат;
  • Жените имаат јасни приоритети: подобро улично осветлување, уредени и безбедни јавни простори, превентивни здравствени програми, ефективни социјални услуги, подобри услови во образованието, почиста животна средина и функционален јавен превоз.

Истражувањето кое го спроведовме покажува дека:

  • Во Виница, Делчево и Штип жените најчесто бараат пристапност, безбедна инфраструктура, грижа за стари лица, јавен превоз и подобро осветлување;
  • Над 80% од жените во селата во Делчево и Виница бараат јавен превоз, без превоз нема пристап до работа, здравство и образование;
  • 80–96% од жените имаат барања поврзани со хигиената, комуналните прашања се прашања за квалитет на живот;
  • 70–85% од жените бараат подобро улично осветлување, затоа што кога нема светло – нема безбедност.

Кампањата повикува на:

  • Родова анализа на секој буџет;
  • Јавни консултации со граѓанките;
  • Јасни родови индикатори;
  • Отчетност за трошењето на јавните средства.

Ова не се „женски прашања“, ова се прашања за квалитетот на живот во општината. Еднаквоста започнува со буџетот, а родово одговорниот буџет ги претвора потребите на жените во вистински локални приоритети.

Кампањата е ден е дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип и Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор