659894815 1262485912683852 4593314610413438491 n

Чекор по чекор до родово одговорен локален буџет

Гласен Текстилец“, заедно со партнерските организации ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип              
и Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, во рамките на проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, спроведува кампања за родово одговорно буџетирање на локално ниво.

Кампањата преку низа пораки потсетува на неколку клучни факти:

  • Буџетот не е неутрален, ако не ги препознае различните потреби на жените и мажите, ја продлабочува нееднаквоста;
  • 59% од жените не знаат што е родово одговорен буџет, а повеќе од половина никогаш не учествувале во јавни расправи и не веруваат дека нивниот глас ќе биде слушнат;
  • Жените имаат јасни приоритети: подобро улично осветлување, уредени и безбедни јавни простори, превентивни здравствени програми, ефективни социјални услуги, подобри услови во образованието, почиста животна средина и функционален јавен превоз.

Истражувањето кое го спроведовме покажува дека:

  • Во Виница, Делчево и Штип жените најчесто бараат пристапност, безбедна инфраструктура, грижа за стари лица, јавен превоз и подобро осветлување;
  • Над 80% од жените во селата во Делчево и Виница бараат јавен превоз, без превоз нема пристап до работа, здравство и образование;
  • 80–96% од жените имаат барања поврзани со хигиената, комуналните прашања се прашања за квалитет на живот;
  • 70–85% од жените бараат подобро улично осветлување, затоа што кога нема светло – нема безбедност.

Кампањата повикува на:

  • Родова анализа на секој буџет;
  • Јавни консултации со граѓанките;
  • Јасни родови индикатори;
  • Отчетност за трошењето на јавните средства.

Ова не се „женски прашања“, ова се прашања за квалитетот на живот во општината. Еднаквоста започнува со буџетот, а родово одговорниот буџет ги претвора потребите на жените во вистински локални приоритети.

Кампањата е ден е дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип и Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Меморандум за соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата

    Денес потпишавме Меморандум за разбирање со Комисијата за заштита на конкуренцијата Со Меморандумот воспоставуваме рамка за соработка во насока на: унапредување на транспарентноста и достапноста на податоците за државна помош; поддршка на процесот на усогласување со ЕУ регулативата за државна помош; зајакнување на регионалната соработка и размена на добри практики. Како дел од оваа соработка, […]
    The post Меморандум за соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата appeared first on Finance Think.

  • Кристина Ампева дел од меѓународна конференција на тема „Психолошки стрес и траума во полициската работа: превенција, интервенција и рехабилитација

    Од 29 до 31 мај 2026 година, во Игало, Црна Гора, се одржа Третата меѓународна конференција на полициски синдикати на

  • Извидници волонтери од Велес работеа на санирање на извидничкиот центар Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Благој Јорданов, Валентин Јанкуловски и Владимир Ивановски во периодот од 28 до 31 мај 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на т.н. простор “Октагон“, придружни простории во трпезарија и трпезаријата на ИЦО – Охрид. Со превземените активности…

  • 27 години МОФ

    27 години млади луѓе кои прашуваат, дебатираат, учат, создаваат, се организираат и го менуваат општеството околу себе. Од 1999 година до денес, МОФ растеше заедно со генерации средношколци, студенти, дебатери, активисти, млади новинари, истражувачи, едукатори и волонтери. Секоја генерација МОФ-овци остави свој белег, а заедно изградивме простор во кој младите не се гледаат  само како […]
    The post 27 години МОФ appeared first on МОФ.

  • ОД ОДДЕЛУВАЊЕ ОТПАД ДО НОВ ЖИВОТ: Циркуларна економија на дело во ООУ „Војдан Чернодрински″!

    Денес (01.06.2026) продолжуваме со полна пареа! Заедно со нашите вредни ученици и совесни граѓани, успешно го спроведуваме процесот на селекција, подготовка и собирање на органски отпад.
    Целта е јасна – овој био-отпад се одлага во училишните компостари каде ќе се трансформира во висококвалитетен, природен компост за нашиот училишен двор.
    Оваа активност ја реализираме со силна поддршка од Општина Карпош, која активно го помага системот за селекција на органски отпад и училишното компостирање.
    Со ова, заедно ја менуваме свеста, го намалуваме отпадот и практично го применуваме принципот на циркуларна економија за позелена и позелена општина!
    Ова е одличен пример за тоа како локалната заедница и училиштата можат заедно да направат реална промена за животната средина. Со вакви проекти не само што се намалува количината на отпад на депониите, туку и директно се едуцираат младите и граѓаните за практична примена на циркуларната економија.Оваа активност ја вршиме со поддршка на Општина Карпош која го поддржува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во компостарите во училиштата.
     
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, з
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор