[Aggregator] Downloaded image for imported item #46126

Активизмот против насилството е секојдневна борба – одбележан 10 Декември во Прилеп

На 10 декември, по повод Денот на човековите права, Здружението СТАНИЦА ПЕТ организираше информативен настан во центарот на Прилеп, со цел подигнување на свеста за родово базираното и семејното насилство и информирање на граѓаните за достапноста на услугите за психосоцијална поддршка.

На јавен штанд поставен на фреквентна локација, тимот на здружението директно комуницираше со граѓаните и дистрибуираше информативни флаери за услугите на психосоцијална поддршка наменети за жени и деца жртви на насилство. Преку оваа активност, посетителите имаа можност да се информираат за начините на пристап до поддршка, како и за значењето на навремената помош и заштита.

Овој настан претставуваше симболично заокружување на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, но и потсетник дека борбата против насилството не завршува со кампањата. Напротив, таа продолжува секојдневно – преку информирање, поддршка, солидарност и заедничка одговорност.

Активноста беше насочена кон охрабрување на жените и децата кои се соочуваат со насилство да побараат помош, но и кон поттикнување на пошироката заедница да препознае, реагира и поддржи. Истовремено, настанот придонесе кон зголемување на видливоста на услугата за психосоцијална поддршка која Здружението ја обезбедува, како и кон градење доверба кај потенцијалните корисници.

Здружението СТАНИЦА ПЕТ останува посветено на обезбедување безбедна, доверлива и достапна поддршка за сите жени и деца жртви на насилство. Доколку вам или на некој близок му е потребна поддршка, охрабруваме да се обратите – не сте сами.

*Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство II“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка, а имплементиран од Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

  • Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM

    На тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста: Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, Finance Think ја промовираше студијата „Подготвеност за CBAM и зелената индустриска транзиција во Северна Македонија“. Студијата покажува дека подготвеноста за CBAM ќе биде клучен фактор за одржување на конкурентноста на домашните производители на пазарот на Европската Унија. Во 2025 година, извозот […]
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM first appeared on Finance Think.
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор