[Aggregator] Downloaded image for imported item #43965

🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети

Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” “

Цел на повикот

Целта е да се поддржат занаетчии кои сакаат:

  • да ги дигитализираат и промовираат своите производи,
  • да научат како да користат дигитален маркетинг и е-трговија,
  • да соработуваат со млади во развој на современи, социјално-претприемачки концепти
  • да учествуваат во дигитално документиање на традиционалните занаети (креирање на дигитална архива)

Кој може да аплицира?

  • Локални занаетчии и креативци, предност ќе имаат оние кои практикуваат традиционални занаети
  • Поединци или семејни занаетчиски бизниси
  • Занаетчии кои се подготвени  за соработка со млади и учество во дигитална документација на занаетот

Што добиваат избраните занаетчии?

  1. Учество во обука за дигитални и претприемачки вештини
  2. Поддршка за онлајн промоција и е-трговија
  3. Дигитална документација на занаетот (фото, видео, приказни)
  4. Можност за вклучување во развој на концепти на социјални претпријатија 
  5. Зголемена видливост и пристап до нови пазари

Напомена: Занаетчиите (вкупно 5) кои успешно ќе ги поминат обуките, задолжително треба да учествуваат во активноста 3 и 4 за што им следува надомест од 100 евра бруто во денарска противвредност.

Локација и период

  • Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, бул.Климент Охридски бр.21, Скопје
  • Реализација: 19 и 20 февруари 2026

Начин на пријавување

Заинтересираните занаетчии треба да ја пополнат оваа google форма:

https://forms.gle/wEPaxCZUq6r639is6

Краен рок за аплицирање: 12 февруари
Контакт: contact@iep.mk

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Иницијатива за европска перспектива ИЕП

Продолжи со читање

  • Велешките гемиџии и извидници учесници на рафтинг манифестација “Неретва и пријателите 2026 – Битката на Неретва“

    Во периодот од 14 до 16 август 2026 год. дванаесет извидници и гемиџии на покана на рафтинг клубот “Тузлак“ од Тузла, Босна и Херцеговина земаа учество на рафтинг манифестацијата Тузла и пријателите – Неретва 2026 или Битката на Неретва. Рафтинг спустот се организираше на реката Неретва, а ние и повеќе…

  • GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство

    Последни новости GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство Од 1 до 4 јули 2026 година, речиси 40 средношколки од околу 15 градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот GLOW 2026 (Girls Leading Our World) – уникатно лидерско искуство организирано од ИМКА во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Направен со цел да ја инспирира следната генерација млади лидерки, кампот GLOW ги обедини практичното учење, авантурата во природа и креативноста во средина каде што секоја учесничка беше охрабрена да ги открие своите силни страни, да ги поддржува другите и да ја изгради својата самодоверба. Во текот на четиридневната програма, учесничките следеа интерактивни работилници засновани на столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку практични активности, тие развиваа критичко размислување, способност за тимска работа и лидерски вештини кои ќе можат да ги применуваат во своите училишта и локални заедници. Покрај едукативниот дел, програмата понуди богата палета рекреативни активности, меѓу кои креативни работилници, куглање, олимписки игри и забавни водени предизвици кои поттикнуваа тимски дух и здрава конкуренција. Еден од највпечатливите моменти беше престојот во Националниот парк Пелистер, каде што девојките кампуваа во шатори, го совладаа адреналинскиот парк, и уживаа во пешачење и истражување на шумата преку интерактивна потрага по природни богатства. Влијанието на кампот најдобро го опишаа самите учеснички: Неверојатната енергија на сите! Секоја активност беше одлично организирана, сите беа гостопримливи и пријателски настроени, а заедно доживеавме толку многу нови искуства. Најмногу ми се допадна што конечно направив работи за кои отсекогаш сум сонувала, и тоа опкружена со прекрасни девојки на моја возраст! Посебно ми значеше чувството на топлина и сигурност што го создаде просторот исполнет со жени кои се поддржуваат меѓусебно. Друга учесничка го истакна богатството на програмата: Секој ден беше исполнет со различни и уникатни активности, така што ниту еден ден не беше ист како претходниот. Советничките беа прекрасни, секогаш позитивни и полни со охрабрување. За многу девојки, токму пријателствата создадени за време на кампот останаа највредниот дел од целото искуство: Најмногу ми се допадна заедништвото што го создадовме во кампот – атмосфера исполнета со поддршка и пријателски дух. Имав чувство дека сме во еден посебен свет исполнет со љубов и добрина, далеку од суровоста што понекогаш ја носи секојдневието. А и храната беше одлична! Влијанието на кампот продолжи и по неговото завршување, а родителите забележаа позитивни промени кај своите ќерки. Еден родител сподели „Забележав дека стана поотворена и ме изненади колку многу енергична беше кога се врати дома. Ми се чини дека стекна и многу поголема храброст отколку порано. Беше пресреќна и веднаш ми кажа дека следната година повторно сака да учествува.“ Други родители истакнаа промени како: Подобри комуникациски вештини. Поголема самодоверба. Порасположена е, посигурна во себе и полна со прекрасни впечатоци. Следното лето дел од овогодишните учеснички ќе имаат можност да го продолжат своето лидерско патување преку пријавување во програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА, преку која младите развиваат лидерски, комуникациски, менторски и волонтерски вештини во текот на учебната година, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите. Преку оваа лидерска патека, ИМКА инвестира во младите не само како учесници на камповите, туку и како идни ментори и лидери кои ќе ја инспирираат следната генерација.

  • Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“

    Како дел од подготовките за седмото издание на списанието „Правен фокус“, од 14 до 16 август во Охрид се одржа обука посветена на стандардите за академско пишување. Обуката беше наменета за избраните автори кои ќе подготват стручни статии за новото издание, посветено на темата „Помеѓу […]
    The post Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“ appeared first on Myla.

  • Дневниот камп SPARK 2026 ја инспирираше новата генерација млади лидери

    Последни новости Дневниот камп SPARK 2026 ја инспирираше новата генерација млади лидери Од 23 до 25 јуни 2026 година, ИМКА Македонија го организираше дневниот камп SPARK во Битола – три незаборавни дена исполнети со авантура во природа, развој на лидерски вештини и учење преку практично искуство. Кампот беше реализиран во партнерство со Мировниот корпус, Педагошкиот факултет, Технолошко-техничкиот факултет и алумни на камповите на ИМКА. Активностите се одржуваа во шумскиот простор во близина на Педагошкиот факултет, кој овозможи безбедна и инспиративна средина за учење, дружење и стекнување нови пријателства. Во текот на трите дена, учесниците беа дел од разновидни активности инспирирани од лидерските столбови на ИМКА – личен развој, лидерство, граѓанска одговорност и заштита на животната средина. Преку искуствено учење на отворено, тимски предизвици, олимписки игри и забавни водени активности, децата ги развиваа својата самодоверба, соработката и тимскиот дух. Еден од највозбудливите моменти беше еднодневната посета на Националниот парк Пелистер. Таму учесниците ги тестираа своите способности во адреналинскиот парк, а потоа учествуваа во организирана прошетка низ шумските патеки. Овие активности ги поттикнаа да излезат од својата комфорна зона, да се охрабруваат меѓусебно, да градат отпорност и истовремено да ја запознаваат и ценат природата на Македонија. SPARK претставува прв чекор во лидерската патека на ИМКА. Како дневен камп наменет за ученици од основно образование, тој ги подготвува младите за следната фаза – лидерските кампови за средношколци Girls Leading Our World (GLOW) и Young Men’s Leadership Project (YMLP). На тој начин, учесниците добиваат можност континуирано да ги развиваат своите лидерски способности, чувството за заедница и личната одговорност. Влијанието на кампот SPARK продолжи и по неговото завршување. Во анкетите по кампот, родителите дадоа исклучително високи оценки за целокупното искуство, истакнувајќи дека кај нивните деца забележале поголема самодоверба, независност, нови пријателства и уште поголем ентузијазам за учење преку активности во природа. Нивните позитивни впечатоци се уште една потврда за заложбата на ИМКА да создава безбедни, квалитетни и трансформативни програми за млади. ИМКА упатува искрена благодарност до координаторите, советниците, персоналот и сите поддржувачи кои придонесоа за успешната реализација на SPARK 2026. Благодарение на нивната посветеност, младите добија можност да ги откријат своите потенцијали, да создадат спомени за цел живот и да ги направат првите чекори на своето лидерско патување.

  • Нашиот тим обезбедува водоснабдување за полицискиот хеликоптер во Македонски Брод

    Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува со активна поддршка во справувањето со големиот пожар на подрачјето на општина Македонски Брод. Нашиот тим, како дел од државниот Модул на тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, веќе неколку дена е распореден на терен каде што обезбедува логистичка и оперативна поддршка за противпожарните сили.…

  • Осум пожарникари на ДПД Свети Николе четврти ден на екстремен терен во Македонски Брод

    Тим од 8 пожарникари на ДПД Свети Николе, како дел од државниот Модул на тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), веќе четврти ден е ангажиран на екстремен терен на подрачјето на општина Македонски Брод, каде активно учествува во локализирањето на големиот пожар. Во услови на високи температури, тежок пристап, чад,…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор