Poseta

Завршија првите посети за набљудување на актуелните грантисти

На почетокот на јуни, тимот на Цивика мобилитас ги посети активните грантисти. Целта на посетите беше да се чујат искуствата од спроведувањето на проектите, да се дознаат предизвиците со кои се соочуваат организациите и евентуално да се дадат препораки онаму каде што е потребно.

Цивика мобилитас става силен акцент на поттикнување на соработката меѓу граѓанските организации и консолидирање на достигнувањата во различни тематски области со цел да се максимизира колективното влијание.

Соработниците на Цивика мобилитас имаа можност да слушнат за искуствата од дигиталната трансформација на локално ниво. Воведувањето на интерактивни дигитални платформи им овозможува на граѓаните и локалната власт да комуницираат директно и заеднички да придонесат за подобрување на состојбата во општините каде што живеат. Бесплатните мобилни и веб апликации им овозможуваат на граѓаните, лесно, преку нивните мобилни телефони или компјутери да комуницираат директно со вработените во општините. Ова резултира со поголемо влијание врз активностите на општината и побрза реакција при решавање на проблемите.

Дел од колегите грантисти, споделија искуства за активности поврзани со зелената агенда, со инклузивниот развој, со здравствените права на ранливите категории граѓани и особено со жените и девојките, со борба против корупцијата итн.

Дел од соработниците кои го правеа набљудувањето беше и Петруш Тоинес, сениор експерт на Цивика мобилитас. Тој ја потенцираше синергијата помеѓу субјектите на граѓанското општество и ја нагласи важноста на овие посети каде преку дискусиите „лице в лице“ се доаѓа до сознанија кои ги надминуваат оние од формалните извештаи. Тие ги доловуваат човечките приказни, мотивацијата како и издржливоста при надминување на пречките во текот на спроведување на проектот.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор