20251003 121333

Завршија инфо-сесиите за новиот повик за партнерски грантови на Цивика мобилитас

Тимот на Цивика мобилитас на крајот на септември и почетокот на октомври одржа три информативни средби посветени на новиот повик за партнески грантови (ЦМ-ПГ-2).

На сесиите, кои се одржаа во Тетово, Струмица и Скопје, учествуваа повеќе од 100 претставници на граѓански организации заинтересирани за учество во повикот.

„Присутните поставуваа прашања поврзани со нивната подобност за аплицирање на повикот. Исто така се интересираа за правилно буџетирање на плати, оперативни и директни трошоци во предлог проектите, а побараа и појаснувања поврзани со специфичните теми/области кои ќе бидат поддржани со овој повик“, вели Јасмина Чаушоска од Цивика мобилитас.

Најголем дел од времето беше посветен на дискусија и одговори на прашања од учесниците. Тие се интересираа и за начинот на поднесување пријави, за пополнувањето на задолжителните документи, ангажманот на експерти и соработници, како и за тоа дали бројот на партнерите и територијалната распределба на активностите можат да влијаат на конечната оценка.

По завршување на инфо-сесијата во Тетово, учесниците присуствуваа на  работилницата посветена на Кодексот на граѓански организации, водена од Алексадра Савевска и Фанија Ивановска.

Работилницата беше насочена кон поставување основа за систем за следење на спроведувањето на Кодексот, преку издвојување на минималниот број стандарди и принципи што ќе се следат структурирано. 

Со воведно излагање за Кодексот на граѓански организации, на основните вредности, аспиративните заложби и предизвиците поврзани со неговото спроведување, како и на идејата за воспоставување систем за следење, на работилницата се обрати Александара Савевска. Потоа, практичниот дел го водеше Фанија Ивановска, која ги насочи учесниците кон издвојување на неопходните стандарди и нивно групирање според нивоата на усогласеност.

Секоја група разгледуваше по три заложби од Кодексот и имаше задача да идентификува максимум пет стандарди кои според нив се најрелевантни. Работата во групи даде јасна категоризација на основните, умерените и напредните стандарди што граѓанските организации треба да ги исполнуваат.

Општиот став на групите беше дека усогласеноста треба да се гради постепено, од исполнување на основните законски и формални обврски, преку воспоставување системи за отчетност и учество, до достигнување на статус на организација која претставува пример за другите.

Во следниот период се предвидуваат серија вакви работилници, преку кои со партиципативен пристап и активно вклучување на организациите ќе се подготви систем за следење на спроведувањето на Кодексот. Целта е да се воспостави рамка што ќе обезбеди јасни и применливи стандарди.

Инаку, информативните сесии во Струмица (23.09) и Тетово (25.09) се одржаа во канцелариите на Јуроп хаус (Еurope House), додека последната инфо сесија се одржа на 3 октомври во Скопје, во Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ).

Повикот за партнерски грантови е отворен до 15 октомври 2025 година. Сите заинтересирани кои немаа можност да присуствуваат на инфо сесиите, може да ги испратат своите прашања по писмен пат на helpdesk@civicamobilitas.mk најдоца до 6 октомври до 17:00 часот. Сите прашања ќе бидат објавени три дена пред завршување на крајниот рок од повикот.

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор