Верификувана Програма за Негувателки на деца

Чест ни е да Ве известиме дека Македонска Асоцијација на Дадилки го доби решението за верификација на посебна програма за „Негувателка на деца“. Со ова Решение нашата Асоцијација доби државна верификација и акредитација на Програма за негувателка на деца.
Програмата „Негувателка на деца“ e насочена и овозможува работно оспособување на негувателките за професионално работење во рамките на системот за згрижување и нега на деца. Основна цел на програмата е учесниците да се стекнат со поголеми стручни знаења, вештини и компетенции за извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца.
По завршување на програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат „Негувателка на деца“ во детски градинки и домашни услови  по  верифицирана програма од Јавната установа Центар за образование и Установа верифицирана од Министерството за образование и наука на РМ. Во текот на обуката учесниците ќе бидат упатени и на полагање за лиценца за негувателка со што ќе се стекнат со сите услови за вработување како негувателка во системот на згрижување на деца.
Конкурс за обука како и услови за аплицирање ќе бидат објавени на нашата веб страна а истите ќе бидат проследени и по емаил до членовите на Асоцијацијата.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор