2
|

Успешно одржана Регионалната конференција за финансиска писменост на младите во Радовиш

На 17 јуни 2025 година, во просториите на Креативниот Центар на заедницата НЕКСУС во Радовиш, се одржа Регионалната конференција „Финансиска писменост за млади“ – настан кој отвори важни прашања и актуелизираше теми поврзани со финансиската едукација на младите, нивната економска самостојност и улогата на сите чинители во заедницата во подигнување на финансиската култура.

Конференцијата обедини над 30 учесници од Југоисточниот регион – млади луѓе, наставници, претставници од локалните самоуправи, бизнис-секторот и граѓански организации – кои заеднички дискутираа за реалните предизвици со кои младите се соочуваат во доменот на финансиското знаење и управување со лични средства.

Во текот на четиричасовната програма, беа разработени четири клучни теми:

  • Финансиска едукација и формалното образование – Учесниците отворија дебата зошто финансиската писменост сè уште не е дел од наставните програми, како младите стекнуваат (или не стекнуваат) знаења за пари и што може да се преземе за да се подобри оваа состојба преку неформално и партиципативно учење.
  • Потрошувачка култура и “брзите пари” – Преку реални примери, беше нагласено влијанието на социјалните мрежи врз младите, прекумерното трошење и лесната достапност до микро-кредити и онлајн купување. Се дискутираше за потребата од критичко размислување и развој на свесни навики кај младите.
  • Психологија на парите – Сесијата ги анализираше емоционалните аспекти на трошењето, врската помеѓу личните вредности и финансиските избори, како и важноста на самодисциплината и поставување приоритети.
  • Буџетирање на различни нивоа – Од личен до општински буџет: се разговараше за улогата на планирањето кај младите, но и кај институциите, бизнисите и граѓанските организации, при што беше нагласено значењето на транспарентноста, одговорноста и заедничкото вклучување во процесите на креирање и следење на буџети.

Особено интересна беше и сесијата „Млади прашуваат – експерти одговараат“, каде младите поставуваа конкретни прашања до финансиски советници и претставници на институции – од теми како штедење, поставување буџет, до избор на апликации за следење трошоци и справување со долгорочни финансиски цели.

Покрај едукативниот карактер, конференцијата служеше и како платформа за вмрежување, размена на идеи и поттикнување нови иницијативи во локалните заедници. Учесниците ја изразија потребата овие теми да добијат континуитет и да се доближат уште повеќе до младите – преку работилници, обуки, дигитални ресурси и соработка со образовни институции.

Конференцијата беше организирана како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, кој има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост, да овозможи практични алатки и пристап до ресурси за младите од Југоисточниот регион. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, а го спроведуваат здруженијата КРУНА ПЛУС од Радовиш, Промо Идеа и Новус од Струмица.

Продолжи со читање

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

    Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување…

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор