Hera
|

Светски ден на здравјето: каква е реалноста за жените, девојките и ранливите групи на терен? 

Светскиот ден на здравјето годинава е посветен на темата „Здрави почетоци, надежна иднина“ – порака која нè потсетува дека здравјето е темел на секоја приказна за развој и достоинствен живот. Но, што значи ова во реалноста за жените, девојките и ранливите групи?

За многумина, пристапот до превентивна здравствена заштита сè уште не е загарантирано право, туку привилегија зависна од социоекономскиот статус, местото на живеење или личните околности. Жените и девојките се соочуваат со недостаток на достапни и квалитетни услуги, особено кога станува збор за репродуктивното здравје, скрининг програмите и превентивните прегледи. Кај ранливите заедници, оваа реалност е уште потешка, непостоењето на соодветни информации, финансиските бариери и дискриминацијата честопати ги прават здравствените услуги недостижни.

Инвестициите во здравството, особено во превентивните програми, се од клучно значење за долгорочно унапредување на јавното здравје, но сепак, инвестициите во овој сектор остануваат ограничени. Од 2019 година па наваму, државата издвојува во просек само 10 % од буџетот на Министерството за здравство за превентивни програми, со исклучок на 2021 година, кога овој процент привремено се зголемил на 18 %. Наместо континуиран раст, во последните години буџетот за превентивни програми се намалува, особено во областите како што се скринингот за малигни заболувања и превенцијата на заразни болести. На пример, буџетот за ХИВ превенција во 2019 година бил 49.100.000 денари, но до 2023 година е намален за повеќе од 60 %, на 19.469.000 денари, што значително ја ограничува достапноста на овие услуги за вистинска превенција.

Жените, девојките и ранливите групи најчесто се соочуваат со најголемите предизвици кога станува збор за пристапот до квалитетни здравствени услуги. Иако целта на Националната програма за рана детекција на рак на грлото на матката е да опфати 75 % од жените на возраст од 21 до 59 години, согласно Анализата на програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања, спроведена од граѓанскиот сектор, во реалноста само 15 % биле тестирани во последните три години. Кај скринингот за рак на дојка, бројките се уште пониски – помалку од 10 % од жените на возраст од 50 до 69 години биле опфатени со мамографски преглед.

Иако стапката на доенечка смртност се намалува, жените, особено од руралните средини и ранливи заедници, како ромската и понатаму се соочуваат со сериозни пречки. Во земјата има само околу 160 матични гинеколози, нерамномерно распоредени, што значи дека многу жени немаат пристап до редовни прегледи за време на бременоста. Превентивната гинеколошка здравствена заштита доцни, а со тоа се загрозува не само репродуктивното, туку и општото здравје на жените. Се бележи несоодветен опфат на жените со посети од патронажни сестри за време на бременоста и по породувањето, пред се поради постоечките проблеми со кои се соочува оваа служба.

Слична е сликата и кај децата, има само 110 педијатри на примарно ниво и опаѓачка стапка на вакцинација, особено кај МРП вакцината, поради што опасноста од епидемии е реална. Притоа, Министерството за здравство ги укина клучните едукативни и промотивни активности од Програмата за активна заштита на мајките и децата, кампањите за промоција на вакцинација, како и активностите за поддршка на работата на патронажните сестри.

Дополнително, анализите покажаа дека 46 % од бремените жени во руралните средини не направиле ниту еден преглед во првите три месеци од бременоста, иако навремената  здравствена грижа во текот на бременоста е клучна за здравјето на мајките и новороденчињата. Дури 30 % од мајките не добиле информации за важноста на скрининг тестовите за слух и вид кај новороденчињата, согласно нашата Анализа на програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата.

Во таа насока постојано застапуваме за промени пред институциите, со цел да обезбедат: достапна гинеколошка и педијатриска заштита на примарно ниво на целата територија; јакнење на работата на патронажните служби и тимовите за предучилишна и училишна здравствена заштита; враќање и унапредување на здравствената едукација, поддршка за доење и зголемен опфат со вакцинација; зголемени буџетски средства за превентивните програми  – Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата и Програмата за скрининг за рак на грлото на матката; активно вклучување на граѓаните и граѓанските организации во креирањето и следењето на здравствените политики.

Светскиот ден на здравјето не е само повод за дискусија, туку потсетник дека здравјето мора да биде приоритет секој ден. Здрав почеток не е привилегија – тоа е право. И тоа право мора да биде гарантирано за секоја жена и секое дете. Затоа, ЕСЕ, ХЕРА и Иницијативата на жени од Шуто Оризари ја нагласуваме потребата државата да обезбеди еднаков и достапен пристап до здравствена заштита за жените, мајките и децата во Македонија. Само така можеме да изградиме надежна иднина за сите.

Активностите се во рамки на проектот „Унапредување на здравствените права на жените, девојките и ранливите групи“, што го спроведува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

    Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување…

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор