Sajmon 2 naslovna

Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на соработката помеѓу приватниот сектор и граѓанските организации“, што се одржа на 21 октомври во Скопје.

Повеќе од 20 претставниците од граѓанските организации и компаниите се собраа во просториите на МЦМС и разговараа за заедничките интереси, предизвиците и можностите за нови партнерства. Форестер ги поттикна учесниците да ги споделат нивните досегашни искуства во оваа област.

„Се надевам дека бизнисите ќе бидат поотворени за различни искуства, знаења и потенцијална поддршка на организацијата“, рече Мила Јосифовска Даниловска од фондација „Метаморфозис“. Таа објасни дека нивните програми се насочени кон медиумска писменост, дигитална трансформација и општествена одговорност и дека иако досега соработувале претежно со компании надвор од Македонија, како „Фејсбук“ (Facebook) и „Гугл“ (Google), заинтересирани се за соработка со домашни компании.

Директорката на ЦМА „КРИК“, Мила Карадафова Ангеловска, ја нагласи важноста на воспоставување нови контакти. „Немаме соработка со бизнис секторот, затоа би сакала да знам како да воспоставиме соработка, што може да очекуваме и како да направиме подобро општество за сите“, додаде таа.

Форестер направи споредба со Велика Британија, каде што трите сектори – државниот, граѓанскиот и приватниот – работат заеднички и ефективно. Според него, во Македонија, граѓанскиот сектор е помал и се уште се развива, па соработката е потешка.

Учесниците се запознаа со осумте области на придобивки од соработката, според европски истражувања: углед (репутација), иновации и споделување на знаење, развој на пазарот, мобилизација на ресурси, влијание врз политиките, образование, развој на човечки капитал, како и ЕСГ (еколошко, општествено и корпоративно управување) и управување со ризици. Форестер посочи дека дијалогот со граѓанските организации им помага на бизнисите да ги проценат потенцијалните ризици и реакциите на заедниците пред да започнат нови иницијативи.

Учесниците од граѓанските организации имаа прилика директно да дискутираат со претставници од општествено одговорни компании. Меѓу нив беа Горан Антевски од „Раде Кончар –ТЕП“, Ирена Јакимовска од „Комфи Ангел“, Благој Христов од „Македонски Телеком“, Џемаил Даути од „Даути-Комерц“, Бесир Дерњани од фондација „Албиз“, како и Петар Орданоски, Тиана Костова и Мила Костиќ од „Инфопроект“.

Ирена Јакимовска сподели пример за соработка со граѓанска организација и воедно ја истакна потребата од инклузија на жените во економските процеси. „Како компанија заедно со „Фајнанс тинк“ (Finance Think) работевме на темата за зголемување на продуктивноста на трудот кај жените. Анализата покажа дека само 40% од женската популација е вклучена во економските процеси. Овој негативен показател не е лош само за жените, туку и за компаниите и за самата држава“- посочи таа.

За долгорочната корист од општествено одговорните проектизборуваше Горан Антевски. „Секогаш учествуваме во проекти каде што луѓето можат да научат и да направат нешто за нив сами. Последните години се фокусираме повеќе на проекти кои создаваат долгорочна општествена добивка, а не само спонзорирање на еднодневни настани“.

Благој Христов детално објасни како функционира системот за поддршка на граѓански организации на Македонски Телеком: „Преку фондацијата Телеком за Македонија се одвојуваат сериозни средства за поддршка на разни иницијативи. Се фокусираме особено на долгорочни проекти во областа на екологијата, здравството и инклузијата“. Тој додаде дека Фондацијата секоја година распишува јавни повици, а фокусот е на одржливи решенија и иницијативи со општествена вредност.

Од работилницата произлегоа и нови идеи за унапредување на соработката. Компаниите предложија воспоставување платформа која ќе го олесни пристапот до граѓанските организации според нивните интереси и потреби. Марина Матеска од Здружението на социјални работници (ЗСРМ), предложи формирање на Импакт мрежа, која ќе ги зајакне релациите меѓу секторите, со ресурси, доверба и заедничка мисија.

Целта на работилницата беше да се создадат можности за долгорочна соработка и заемни придобивки помеѓу граѓанскиот и бизнис секторот. „Со подобро разбирање на заемните придобивки, ќе добиете нови идеи и стратешки ќе ги развивате вашите односи на посилен начин,“ рече Сајмон Форестер охрабрувајќи ги учесниците да продолжат да ја развиваат меѓусебната соработка.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор