So znaci ili glas da se razbereme e vazno

Со знаци или со глас – важно е да се разбереме

Денес се одбележува Меѓународниот ден на знаковниот јазик воспоставен од Генералното собрание на ООН за да го промовира лингвистичкиот идентитет и културно обележје на сите глуви лица и другите корисници на знаковен јазик.

„Со знаковниот јазик, глувите лица ги изразуваат своите мислења, ставови, емоции и потреби“, вели Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик. Според неа, во државава, расте потребата на глувите лица од толкувач на знаковен јазик но, не расте со иста динамика и бројот на квалитетни толкувачи. Ова ги доведува во незавидна позиција глувите лица и оние кои го користат знаковниот јазик. Ја отежнува нивната комуникација со институциите при завршувањето на секојдневните обврски и им ја  одзема можноста за квалитетен живот.

На веб страната на Националниот сојуз на глуви и наглуви има листа од 31 сертифициран толкувач. Половина од нив се во Скопје, а има градови каде што нема ниту еден како што се Струмица, Велес, Кочани, Радовиш, Гевгелија итн.

Покрај тоа, не може да се најде податок за тоа колку лица имаат потреба од толкувач на знаковен јазик. Организациите кои работат на прашањата поврзани со хендикеп и толкувачите на знаковен јазик, очекуваа дека оваа информација ќе се обезбеди со спроведувањето на пописот во 2021 година. За жал, и покрај нивните предлози, прашања со кои можеше да се утврди бројот на оние кои имаат потреба од таква услуга/помош, не беа дел од прашалникот.

„Денес, секаде во светот се означува и се покажува емпатија на заедницата на глуви лица со промоција и афирмација на знаковниот јазик како дел од секое општество изедначен со другите јазици“, вели Викторија, но дали е тоа доволно? Граѓанските организации постојано алармираат за потребата од посериозен и постратешки пристап на институциите кон оваа категорија лица со хендикеп. Но може ли да се направи било каква стратегија ако нема податоци за тоа колкава е популацијата која има потреба од знаковен јазик. 

Глувите лица имаат право на знаковен јазик и право на толкувач. Професијата на толкувачите треба да биде признаена исто како и правото на пристап до информации со знаковен јазик.

Но, дали можеме и ние како граѓани да направиме нешто за да ја подобриме комуникацијата со нашите сограѓани кои го користат знаковниот јазик:

Раце што зборуваат“ е еден од проектите кои може да ги мотивираат луѓето да го учат знаковниот јазик. Како резултат на соработката меѓу Здружението на глуви и наглуви „Тишина“ од Карпош и Меѓународната фондација Борис Трајковски, поддржани од Фондацијата Сигно од Норвешка, произлезе Речникот на македонскиот знаковен јазик.

Во оваа прилика, ве потсетуваме на кампањата „Исто исти“ на грантистите на Цивика мобилитас, Македонски институт за медиуми и Национален совет на инвалидски организации. Видете ја приказната за Радмила и Мартин негувајте го чувството на емпатија кон луѓето без разлика на нивите способности и појдете денес на интерактивниот младински настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик   

КАЖИ СО РАЦЕ – Меѓународен ден на знаковен јазик 2023 | Facebook

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор