Dsc 0293

Реформите во децентрализацијата се нужни и задолжителни

Регионалниот форум на Цивика мобилитас, на тема: „Процесот на децентрализацијата во Македонија“ што се одржа на вчера (19 јули 2018 година) уште еднаш ја потенцираше потребата од дебата и реформи кои ќе ја направат децентрализацијата функционална.

„Форумот е уште еден пример за соработката што постојано ја иницира Цивика мобилитас, овде, покрај претставниците на граѓанските организации се и претставници на локалните и националните институции“, рече на отворањето Питер Тоинес, меѓународниот лидер на тимот на Цивика мобилитас. Присутните ги поздрави и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Техада. „За нас, децентрализацијата е двостран пристап, прво, децентрализација на власта, односно споделување на одговорностите меѓу централната и локалната власт и, второ, децентрализација на граѓанскиот сектор. Ако сакаме да имаме силно граѓанско општество, придобивките од него треба да ги донесеме во секој дел од земјата. Овој форум е доказ за тој пристап“, рече таа. Амбасадорката Техада додаде и дека децентрализацијата ќе стане уште поважно прашање во светлото на пристапувањето на Македонија во ЕУ и дека се надева дека швајцарската поддршка ќе претставува дополнителна вредност во тој процес.

Говорниците во првиот панел се осврнаа на прашањата до каде е процесот на децентрализација и како да се обезбеди порамномерен развој на регионите и поефикасна, поинклузивна и потранспарентна локална самоуправа.

Дејан Павлески, заменик министерот за локална самоуправа им се заблагодари на организаторите за тоа што ја држат актуелна дебатата за децентрализацијата во Македонија. Тој истакна дека процесот на префрлање на надлежности до централната на локалната власт треба да биде следен со финансиска поддршка за тие надлежности. Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски истакна дека Македонија се уште нема вистински однос кон локалната самоуправа, тоа го покажува и изборот на министри за локална самоуправа. „Би сакал новата Влада на чие чело е поранешниот градоначалник на Струмица да почне да работи на новите решенија за локалната самоуправа, тие што им ги ветивме на граѓаните и за што ја добивме нивната доверба“, рече Коцевски. Според него, реформите треба да продолжат во три правци: 1) нов пакет на децентрализирани надлежности; 2) финансиски реформи и 3) прилагодување на организациската поставеност.

За регионалниот рамномерен развој зборуваа Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален рамномерен развој и Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на источниот плански регион. Според Реџепи, сегашното распределување на 4,5 % од ДДВ на сметките на општините, би требало да порасне и да биде барем 10%. Во врска со персоналниот данок, од кој општинските буџети добиваа 3%, директорот Реџепи смета дека тој 100% треба да оди кај општините. „Не можеме да зборуваме за политика на рамномерен регионален развој туку само за регионален развој“, рече Здравева. Според неа, на новата владата треба да и биде приоритет децентрализацијата и реформите во локалната самоуправа.

Вториот панел беше посветен на (де)централизираниот развој и влијание на граѓанското општество во Македонија. Претставниците на општините Долнени и Кавадарци зборуваа за нивните искуства. „Нашиот проблем е малиот број на граѓански организации на територијата на општината“, рече Ајша Муаремоска Топалоска од општина Долнени.

Според Тодор Ефремов, од општина Кавадарци, нивната соработка со граѓанските организации е многу добра. Од пред некое време, општината почесто ги консултира ГО и во согласност со можностите се прилагодува на нивните барања. Едно од нив е зголемувањето на висината на грантовите за ГО.

Според Астрид Реџепи од Центарот за едукација и развој, децентрализацијата треба да се спушти едно ниво подолу – на месната самоуправа. „Скинавме патики“ рече Реџепи алудирајќи на бројните посети на терен, „ама одблиску ги видовме проблемите на населението. Од нив, најголем е проблемот со партизираноста на месните и урбаните заедници. Видовме ниски капацитети но, голема воља за работа која треба да ја искористат не само граѓанските организации туку и општините“, додаде тој. Според Лилјана Јоноски од Рурална коалиција од Куманово, на граѓаните им треба едукација за тоа што претставува процесот на покренување граѓанска иницијатива.

Последниот панел беше посветен на децентрализацијата и унапредувањето на правата на заедниците на локално ниво преку Комисиите за односи меѓу заедниците за која зборуваа Рубин Земон, посебниот советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурни комуникации во кабинетот на Премиерот и Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар.

Основата на мултикултурализмот е дијалогот“, рече Земон, и истакна дека во Законот за локална самоуправа од 2004 година, во оваа област се поставени високи бариери кои го оневозможуваат дијалогот. „За жал Комисиите ги има повеќе во помалите општини, а не во поголемите каде што всушност се и проблемите. Ова значи дека комисиите се дисфункционални, без јасен мандат и улога“, рече тој и додаде дека се започнати подготовките за Стратегија за толеранција.

Градоначалникот Таравари се осврна на случајот на Гостивар. „Кај нас, неколку училишта се мешани, а учениците не ја следат наставата во различни смени, дури и градинките функционираат заедно“, додаде тој. Според него, на општината и требаат способни луѓе, без оглед на нивната партиска припадност и затоа својот кабинет го базирал на такви критериуми. Таравари рече дека е тешко е да се следи законот кој заедниците ги мери со проценти, затоа што процентите не ги носат правата за нив, туку нивните меѓусебни релации, почитта и толеранцијата.

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор