Untitled (1920 X 1080 Px)

Пронајдете и споделете ресурси за граѓанскиот сектор на е-Платформата на Цивика мобилитас

Доколку ви се потребни квалитетни ресурси за вашите активности во граѓанскиот сектор, е-Платформата на Цивика мобилитас е вистинското место за вас! На располагање имате над 1,000 бесплатни материјали на македонски, англиски и албански јазик.

Што може да најдете?

  • Преку 850 ресурси на македонски јазик 🇲🇰
  • Преку 130 ресурси на англиски јазик 🇬🇧
  • Преку 70 ресурси на албански јазик 🇦🇱

Имате ресурси за споделување?

Секој ваш ресурс може да допринесе за заедницата. Зголемете ја видливоста и споделете ги вашите материјали преку пополнување на формуларот достапен на македонски, англиски или албански јазик. Ресурсите може да бидат во формат аудио или видео запис, датабаза, инфографик, презентација, промотивен материјал, публикација, сторија која би била од корист на граѓаните и граѓанските организации.

Зошто е важно да ги споделите вашите ресурси?

  • Поддршка за другите организации – Вашето искуство и материјали можат да помогнат на други во нивните активности.
  • Поголема видливост – Споделувајќи ги вашите ресурси, ја зголемувате препознатливоста на вашата работа и вашиот придонес.
  • Промоција на транспарентност и соработка – Со споделување, поттикнувате култура на соработка и размена на знаења во граѓанскиот сектор.

Пополнете го формуларот и овозможете вашите материјали да станат достапни за сите во граѓанскиот сектор.

Прегледајте ги постоечките ресурси и пронајдете го тоа што ви е потребно.


Продолжи со читање

  • На граѓанскиот и бизнис секторот им се потребни партнерства за одржлива соработка

    „Од краткорочни донации кон долгорочни партнерства“! Ова беше главната порака на работилницата „Зајакнување на соработката помеѓу приватниот сектор и граѓанското општество“, што се одржа на 10 јуни во Скопје. Повеќе од 20 претставници на граѓански организации разговараа за тоа како соработката со компаниите може да се развие во одржлив модел…

  • Кодексот за граѓански организации како алатка за критика и пофалба од сопствената фела

    На 2 јуни 2026 година, во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), тимот на Цивика мобилитас јa организираше првата работилница посветена на унапредување на спроведувањето на Кодексот за граѓански организации. Работилницата ги собра грантистите на Цивика мобилитас од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, кои дискутираа за можностите за…

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор