Ceremonija 15.2.2017

Промоција на нови 38 грантови на Цивика мобилитас

Семејството на Цивика мобилитас, од денес (15 февруари 2017 година) брои 159 грантисти, а вкупната поддршка за која се склучени договори од почетокот на програмата изнесува речиси 262 милиони денари или нешто над 4,5 милиони швајцарски франци. На денешниот настан беа промовирани нови институционални грантови за 12 граѓански организации, мали акциски грантови за 15 граѓански организации, ад хок грантови за девет граѓански организации и два гранта за стипендии.

Ceremonija 15.2.2017 1

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Техада ги поздрави присутните и им ги врачи договорите на грантистите. „Свесни сме за предизвиците и тешкотиите со кои се соочува граѓанското општество и токму затоа, вашата посветеност да продолжите да работите за развојот на земјата, родовата еднаквост, почитувањето на човековите права и сите видови на различности, заслужува уште поголема почит“, рече амбасадорката Техада. Таа истакна дека Швајцарија силно ја поддржува демократизацијата на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ и преку Цивика мобилитас сакаат да дадат конкретен придонес во тој процес.

Ceremonija 15.2.2017 2

„Најголем број од доделените грантови, 64% се во Скопскиот регион, останатите 36% се распределени на другите региони“, рече во своето обраќање Александар Кржаловски, национален водач на тимот и прв извршен директор на МЦМС. Во поглед на темите кои ги обработуваат, најголем број, односно 18% третираат прашања на добро владеење, по 9% се посветени на човековите права и граѓанското општество генерално, по 8% опфаќаат прашања посветени на животната средина, информациите, комуникациите и медиумите и децата, младите и студентите. Потоа следуваат образованието, здравството, итн. Според Кржаловски, 54 од грантовите веќе се завршени.

Ceremonija 15.2.2017 3

Со поддршката на институционалните грантисти ќе се придонесе за нивниот институционален развој и организациско јакнење. Со малите акциски грантови организациите ќе ги промовираат своите цели во соработка со другите граѓански организации, граѓаните и властите на локално и национално ниво. Ад хок грантовите се наменети за поддршка на неодложните прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија.

Институционалните грантови треба да ги зајакнат граѓанските организации што ќе ги направи поактивни во ангажирањето за постигнување општествени промени во Македонија, за што се залага Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во периодот од 2014 до 2018 година. Буџетот на програмата изнесува 7,7 милиони швајцарски франци кои ги обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор