20190503 Povik INS 04 (3)

Повик за апликации за институционални грантови

Граѓанските организации можат да се пријават на повикот за институционални грантови на Цивика мобилитас најдоцна до 3 јуни 2019 година, во 16 часот.

Институционалните грантови се наменети да го поддржат институционалниот развој (ИР) и организационото јакнење (ОЈ) на индивидуални граѓански организации. Цивика мобилитас очекува институционалните грантисти да заземат лидерски позиции во граѓанското општество во земјава, да бидат проактивни, да преземат и да водат иницијативи за соработка и обединување на други граѓански организации.

Во предлозите за институционален грант, апликантите треба да демонстрираат способност за спроведување на најсоодветните ИР/ОЈ процеси за надминување на нивните институционални и организациски предизвици и подобрување на своите перформанси за придонес (преку нивните програми) кон целите и резултатите на Цивика мобилитас и други иницијативи за развој на граѓанското општество во земјава.

Институционалните грантовите во овој повик ќе бидат обезбедени за период до најмногу 3 години (36 месеци), а големината на грантот  треба да биде помеѓу 3.000.000 и 4.500.000 денари. Се очекува на овој повик да се доделат 15 грантови.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 20 маj 2019 г.

Цивика мобилитас ќе одржи информативна сесија на 10 мај во Скопје. За подетални информации околу неа, како и за други информативни сесии, следете ја веб страната на Цивика мобилитас.

Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-ins-04/

Продолжи со читање

  • Приказни за жени кои научија дека дискриминацијата не е „нормална“

    Дискриминацијата врз жените ретко се препознава веднаш. Таа се крие зад „така функционира системот“, зад молк, срам и страв од последици. За многу жени, првиот чекор не е институционална пријава, туку внатрешна борба т.е дали тоа што го доживуваат е неправда или само нешто што мора да се прифати. Случаите…

  • Доделени единаесет партнерски грантови на Цивика мобилитас

    Комисијата за избор на грантови ги оцени пријавите кои организациите ги поднесоа на повикот за партнерски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-ПГ-2) што беше отворен до 15 октомври 2025 година. На повикот пристигнаa 111 пријави на вкупно 248 граѓански организации (111 носители и 137 партнери). Од нив, 100 ги исполнија административните…

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор