Potreben e strateshki namesto ad hoh pristap 2

Потребен е стратешки наместо ад хох пристап

„Во Македонија, како и во другите земји, просторот за граѓанското општество се стеснува, затоа, во Цивика мобилитас, освен финансиска поддршка, сакаме да обезбедиме и простор за дискусии“, рече Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата во своето обраќање до присутните на форумот за скопскиот регион што се одржа на 23 јуни 2015 година во просториите на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари.

 

Potreben e strateshki namesto ad hoh pristap 2

Општествените промени и соработката беа двете прашања на кои се фокусираше форумот. Форестер зборуваше и за најчестите грешки што ги прават граѓанските организации во својата работа. „Ги започнуваат активностите без претходно да размислат. Веднаш нудат решение, без да го елаборираат проблемот или пак го третираат проблемот, а не причините за него“, рече тој.

Една од темите за кои зборуваа учесниците беше потребата од деполитизација на општеството. „Слабиот граѓански сектор во Македонија и дозволи на политиката да влезе во сите пори на општеството. Работата на граѓанскиот сектор не стигнува до целната група. Потребна е соработка, здружување, координација меѓу организациите“, рече Ване Цветанов од „Зелена лупа“.

Potreben e strateshki namesto ad hoh pristap 1

За рече Ѓоко Хаџивасков, од „Опстанок“, идејата граѓаните да ги вршат промените е идеална, „но“, рече тој, „се сомневам дека таков идеал некаде постои. Уставот има техничка грешка, не зборува за граѓани туку за политички партии, кога ќе се исправи таа грешка ќе можеме да зборуваме за граѓанско општество“, додаде тој. За Ѓунер Небиу од Женската граѓанска иницијатива Антико, здружувањето е многу важно. „Треба да се здружиме во однос на темите што ги работиме, таму имаме експертиза, и, да делуваме на локално ниво, така ќе бидеме помоќни“, рече таа.

Присутните зборуваа за нивните искуства од соработката со другите организации или институции. „Како граѓански организации, потребно е да ја гледаме целата слика и да ги прилагодиме нашите чекори кон остварување на таа слика“, рече Форестер. Тој смета дека луѓето од граѓанскиот сектор сакаат промените да се случат наеднаш па тешко им е да размисуваат стратешки. Тој сподели неколку добри пракси на соработка и ефектите од неа. Присутните потоа работеа во две работни групи и развиваа некои од нивните идеи за идна соработка и активности.

Potreben e strateshki namesto ad hoh pristap 3

Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрациј (SIPU). Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври минатата година и ќе трае четири години.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор