Adi

Поддршка на организациите за развој на планови за социјален маркетинг

Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас имаше консултативни средби со пет граѓански оргнизации, актуелни грантисти на програмата на кои се разговараше за развивање планови за социјален маркетинг. Посетите се одвиваа во периодот од 12 до 14 мај 2025 година, како продолжение на претходните обуки и работилници посветени на одржливо финансирање.

Претставниците на Гласен текстилец – Штип, Асоцијацијата за демократска иницијатива  (АДИ) – Гостивар, Центарот за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце, Центарот за младински активизам – КРИК– Скопје и Центарот за климатски промени – Гевгелија преку ваквата персонализирана поддршка во изработката на социјални маркетинг планови добиваат стратешки алатки кои ќе им помогнат подобро да ја позиционираат својата мисија, да ја зголемат видливоста и да обезбедат дополнителни ресурси за самоодржливост.

На секоја од средбите се анализираше тековната практика за комуникација на организацијата, се идентификуваа целни групи и се развиваа идеи за кампањи и пораки кои ќе можат да се користат за промоција и мобилизација поддршка. Сајмон Форестер  понуди практични алатки и примери, водејќи ги организациите низ процесот на развивање на сопствен пристап за социјален маркетинг.

Овие посети ја зајакнаа мисијата на Цивика мобилитас за градење силни, видливи и одржливи граѓански организации, кои се поврзани со заедниците на кои им служат и знаат како да ја пренесат својата порака.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор