DSC

Почна спроведувањето на третата фаза на Цивика мобилитас

Со почетокот на 2019-та година, започна со спроведување новата, трета фаза, на програмата Цивика мобилитас. Таа ќе трае четири години и ќе продолжи да им служи на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество да остваруваат значајни општествени промени.

Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), а ќе продолжат да ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Програмата ќе придонесе кон подобрување на овозможувачката околина преку креирање механизми за соработка меѓу граѓанските организации и властите; ќе им помогне на организациите да изградат силна односи со конституенти; ќе влијае соработките меѓу организациите да прераснат во долгорочни и одржливи партнерства и мрежи; а исто така ќе придонесе за зголемено граѓанско учество во носењето одлуки, што води до подобри политики и практики.

Овие резултати Цивика мобилитас ќе ги постигне со неколку методи: финансиска поддршка за граѓански организации преку грантови (институционални, акциски и мали); дискусии и вмрежување преку 20 форуми и настани за вмрежување, директна менторска поддршка и фацилитација за организациите;  јакнење на капацитети преку 20 работилници и обуки; информирање преку  квартални електронски билтени и над 100 стории.

Буџетот на програмата околу 5.9 милиони швајцарски франци, од кои 3.7 милиони се наменети за грантови.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор