Mcms2375

Организациите ги привршуваат стратегиите за интегритет

Дванаесет грантисти на Цивика мобилитас ги завршија планираните работилници „Острови на интегритет“. За време на четвртата работилница што се одржа на 20 ноември 2024 година тие работеа на своите стратешки, и на акциските планови за интегритет на нивните организации.

Акциските планови всушност беа разработка на стратегиите кои ги формулираа за време на претходните работилници, а кои опфатија три главни цели: 1) да се ограничат монополот и дискрецијата при носењето одлуки, 2) да се подобрат транспарентноста и отчетноста и 3) да се зголемат придобивките од работењето со интегритет и да се намалат загубите поради корумпираност.

Дискусиите во текот на работилницата овозможија да се разјаснат дел од дилемите. За останатите предизвици, организациите ќе можат да се консултираат со нивните ментори. По работилницата, организациите ќе ги продолжат интерните разговори за планираните стратегии и активности и ќе го подготват првиот нацрт на Стратешкиот и на Акцискиот план. Овие документи ќе бидат финализирани по коментарите од менторките, а организациите ќе почнат да ги спроведуваат од почетокот на следната година.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор