1f

Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите на Швајцарија..

Александар Кржаловски, лидерот на тимот на програмата и директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во своето обраќање направи краток вовед за МЦМС, организацијата спроведувач на програмата и една од најголемите граѓански организации во земјата.

Зборувајќи за Цивика мобилитас, најголемата програма за поддршка на  граѓанското општество во земјата, поддржана од Владата на Швајцарија речиси 20 години, тој го воведе Амбасадорот Зомер во постигнувањата на трите фази од спроведувањето во кои е вклучен МЦМС.

Кржаловски се задржа на процесот на капитализација, која ќе опфати се што е постигнато во овие речиси 20 години. При тоа, капитализацијата ќе даде поширок опфат на резултатите на Цивика мобилитас осврнувајќи се на контекстот во кој се спроведувале активностите, на нивната компатибилност со важните случувања во земјата и нејзините стратешки цели како што е процесот на евроинтеграција. На Амбасадорот Зомер му беше презентирана првичната верзија на временската линија на капитализацијата на Цивика мобилитас направена како дигитална алатка која ќе помогне во навигацијата низ постигнувањата низ годините.

Имајќи предвид дека Цивика мобилитас во голема мерка е насочен кон финансиска поддршка на граѓанските организации, на Амбасадорот му беше презентирана уште една дигитална алатка односно приказ на грантовите (dashboard) каде може да се видат сите поддржани организации, типовите на грантови, секторите во кои се работело, регионите каде се спроведувале активностите итн. Во однос на грантовите, беше презентирана и платформата grants.mk преку која се одвива процесот на пријавување.

Државното финансирање беше една од темите за која најмногу се дискутираше, не само во смисла на финансиска поддршка туку и од аспект на воспоставување транспарентен систем за поддршка на граѓанските организации кој ќе овозможи да се гради релација на доверба меѓу организациите и институциите на централно и на локално ниво.

Зборувајќи за предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации во нивното работење, Амбасадорот истакна дека треба да бидат отпорни и да научат да функционираат во секакви услови.

Тимот на Цивика мобилитас се заблагодари за досегашната поддршка на Швајцарија за граѓанските организации и му посака успешна работа на новиот амбасадор.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор