Kumanovci go stavija fokusot na migraciite i mladite 3

Кумановци го ставија фокусот на миграциите и младите

На 10 јуни 2015 година, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово, под мотото Твој простор, твој глас, се одржа првиот регионален форум на Цивика мобилитас. Триесетина претставници на граѓански организации и граѓански активисти од североисточниот регион, го искористија „отворениот простор“ што им го нуди регионалниот форум да разговараат на теми на кои сметаат дека треба да се работи за да се предизивикаат општествени промени.

Kumanovci go stavija fokusot na migraciite i mladite 3

Општествените промени и соработката беа двете клучни прашања на кои се осврна Симон Форестер, меѓународен експерт на Цивика мобилитас. „Соработката може да помогне во градењето на легитимноста, максимизирање на ресурсите и зјакнување на граѓанското општество“, рече тој и додаде дека соработката наместо натправарот носи поголеми придобивки за граѓанското организирање, а првиот чекор во соработката е идентификувањето на оние кои можат да ја предизвикаат промената.

„Она што ги поврзува граѓанските организации се проблемите на кои треба заедно да работат“, рече Трајан Димковски учесник на форумот од Руралната коалиција од Куманово. Финансирањето, транспарентноста на граѓанските организации, нивната меѓусебна соработка, иселувањето, поддршката на граѓаните од „Диво насеље“ беа дел од општествените прашања кои ги идентификуваа на Регионалниот форум во Куманово.

Kumanovci go stavija fokusot na migraciite i mladite 1

Учесниците во групи дискутираа за миграциите и младите. „Миграциите се шок за општеството“, рече Сајмон Форестер. Улогата на граѓанските организации е да му помогнат на општеството да го преброди тој шок“. Во дискусијата за младите беа истакнати проблемите со нивната партизираност и пасивност со кои треба да се занимаваат граѓанските организации. Учесниците сметаат дека е потребна мотивација и вклучување на младите во креативни и атрактивни активности. Особено внимание треба да се обрне на младите од руралните средини. Соработка преку регионален младински совет, вклучување во организизација на настани беа само дел од идентифкуваните можности на присутните.

Присутните имаат можност да споделат искуства за ефективна соработка за општествена промена и да слушнат добрите практики од Европа.

Kumanovci go stavija fokusot na migraciite i mladite 2

Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрациј (SIPU). Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври минатата година и ќе трае четири години.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор