183494773 815473422723325 6891978243400257423 n

Кога свекорот ќе и препише земја на невестата: Како Живка Ѓурчиноска од с.Тумчевиште се бори против родовите стереотипи

„Се будам во 5 часот наутро. Прво одам кај стоката, го собирам млекото. Потоа се враќам дома, подготвувам појадок за семејството. А потоа, се зависи од периодот на годината, на нива, во куќата и околу куќата со земјоделски активности, сеење, вадење, прскање, собирање на родот итн..“ Вака се одвива денот на Живка Ѓурчиноска од Тумчевиште, една од 130 регистрирани  земјоделки во земјава и основачка на „Наша тезга“, платформата на која успешно ги пласира и продава нејзините производи.

Семејството на Живка се печалбари. Нејзината средба со земјоделството се случува кога се омажила и ја прифатила семејната традиција на нејзиниот сопруг. Учела од почеток, да молзи, да сее, да жнее па и да вози трактор. И се допаднало тоа што го правела, го засакала земјоделството но, не се задоволила со тоа. Вложила многу труд и посветеност, учела, и со новите знаења посакала да го модернизира нивното производство.

183494773_815473422723325_6891978243400257423_n

Но, не одело се така лесно, таа немала земја, ниту осигурување, ниту пак претходно искуство. Покрај тоа, стереотипите биле уште една пречка на патот. „Му побарав на свекор ми да ми препише парче земја на мое име за да можам да се регистрирам како земјоделка“, се сеќава Живка. На тој начин, таа ќе можела да си плаќа пензиско и здравствено осигурување. Не била многу изненадена со одговорот: „Снао, да не сакаш случајно да ни се смеат по селото? Кај се видело свекор на невеста да препишува земја?“. Сепак, таа не се обесхрабрила, успеала да го убеди и станала првата регистрирана земјоделка во нејзиното село.

Наша тезга“ е продолжение на борбата за „место под сонцето“ за жените земјоделки. Тој дел од приказната започнува за време на пандемијата предизвикана од Ковид-19. Стравот од физички контакт ги натера жените, предводени од Рурална коалиција, да ги искористат предностите на дигитализацијата. „Се поврзав со жени од цела Македонија со кои споделуваме искуства од работата, различни рецепти и имаме пристап до различни пазари. Сите ние сме различни, а сепак обединети во иста платформа, под ист бренд кој што сами си го нарековме „Наша тезга“ оти е наш производ, наша креација. Тоа е другата нишка која не поврзува, нешто што е наше и во чиј развој сами вложуваме. Преку „Наша тезга“ стекнав пријателки и знам дека буквално во секое село имам по една врата отворена“, додава Живка.

334882396_759657472053746_3262842462962991568_n

Побарувачката за нивните производи расте. Имаат постојани, но и нови потрошувачи благодарение на афирмацијата во медиумите што за „Наша тезга“ ја прави Рурална коалиција.  Од почва до онлајн пазар чекорите не се едноставни, но преку споделување на искуства и соработката со „Наша тезга“ патот може да се изоди. „Мојата продажба се зголеми за 20% откако ја отворивме „Наша тезга“. За мене се говореше и по медиуми и во граѓанските организации. Јас сум една од првите 250 жени кои ја искористија првата мерка за директна поддршка на жените земјоделки како активни носителки на семејни земјоделски стопанства. Таа се доделуваше преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство. Во нејзиното креирање учествувавме и ние како жени земјоделки и нашите ставови беа пренесувани и застапувани од Рурална Коалиција како членка на работната група за родова еднаквост во рамките на Министерството.

„Осми март е добар за почеток на нова  битка со институциите, со заедницата, со жителите во општината, во селото“, вели Живка и додава дека  така ќе биде и оваа година кога главната тема е „Ќе преживеат ли жените овде?“ „Во петте минути што ги добиваме на 8 Март треба да бидеме доволно гласни, убедливи, силни да кажеме дека за жал по многу основи ние се уште сме дикриминарни, дека се уште не можеме да одиме на одредени места или во одредени институции без маж, дека немаме породилно отсуство, дека немаме доктор во нашето село, немаме јавен превоз, немаме градинка, немаме информации и живееме во свет во кој што мажите се уште доминираат, а тоа особено важи за земјоделскиот сектор“, вели таа.

334700258_122990284054684_4968898974601098492_n

И оваа година, заедно со руралното женско лоби, се дел и од организацијата на Осмомартовскиот марш,  како дел од Платформата за родова еднаквост.  Нејзината порака е јасна:

„Без нас жените како производителки на храна ништо не е можно. Ако нема храна, нема ништо. Нашата улога е единствена и ние сме водечката сила во развојот на селото од каде што доаѓаме, градот во кој што ги продаваме нашите производи, државата во која што живееме. Кога сите ќе го разбереме ова, на нас жените ќе ни се признае местото и улогата во општеството, а развојот и надминувањето на стереотипите ќе си дојде природно, па дури тогаш ќе може да зборуваме за родово рамноправно општество. Оваа борба не е само моја, не е само на жените туку на сите нас како дел од ова општество, а младите генерации ја имаат таа сила, моќ и знаење тоа и да го постигнат!“

334897474_760086685316330_4255792952699573219_n

Платформата „Наша тезга“ во момент има 130 членки од целата држава кои нудат земјоделски производи, преработки, традиционален накит, свежи овошје и зеленчук, мед и производи од мед, но и декорации, торти, слатки изработени од природни состојки обезбедени од селата во нашата земја. Преку институционалната поддршка на Цивика мобилитас за Рурална коалиција, жените од платформата „Наша тезга“ успеаја да ги изработат првите пакети со земјоделски производи и преработки. Најголем предизвик за жал се уште се присутните родови стереотипи и традиционални норми во руралните средини велат од Рурална коалиција. „Со години наназад не може да мрднеме од 4-5% сопственички на имот во целата држава затоа што имотот претежно се препишува на машките членови од семејството, а имотот им е основата од која што треба да тргнат за да се развијат и како претприемачки, за да добијат субвенции, да вложуваат во сопственото економско јакнење и социјална инклузија во општеството“

Со надеж дека успешната приказната на Живка Ѓурчиновска ќе допре до поголем број жени, заеднички Ве покануваме на Маршот за 8 Март „Ќе преживеат ли жените овде?“ кој ќе почне во 18 часот на плоштадот Филип втори . Повеќе детали за настанот на следниот линк.

334906786_6090720720990064_3247985800033412678_n

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор