Akt3

Избрани новите акциски грантисти на Цивика мобилитас

Петнаесет граѓански организации ги почнаа подготовките за потпишување на договорите за новите акциски грантови на Цивика мобилитас. Тие беа селектирани на третиот и последен повик за ваков тип грантови.

Нови грантисти на Цивика мобилитас ќе бидат:

  • Здружението за истражувања, анализи и развој „Зелена лупа“ од Скопје, за акцијата „Да ја вратиме довербата во судовите – Правда за секого!
  • Институтот за комуникациски студии „ДигитАКТ“ за акцијата „Комуницирање за промени“
  • Фондација Балканска мрежа за развој на граѓанско општество, Скопје, за акцијата „Заштита на граѓанскиот простор – должности и учесници“
  • Фондација „Македоника“, Скопје, за акцијата „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“
  • Македонското женско лоби за акцијата „Родовите прашања и политики како мотив за граѓаните да бидат вклучени во креирање на локалните политики“
  • Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија за акцијата „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“
  • Гешталт центарот „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ, Скопје за акцијата „Младинска  кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза“
  • Здружението на граѓани „Локомотива“ – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје за акцијата „Културни простори за активни граѓани“
  • Хуманитарната oрганизација „Ел Хилал“ за акцијата „Истражување, промоција на толеранцијата и враќање на заедничките вредности за успешен соживот кај различните етнички заедници“
  • Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово за акцијата „Унапредување на социјалното вклучување на ромската заедница во шест општини во Република Македонија“
  • Руралната коалиција од Куманово за акцијата „Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“
  • Реактор – Истражување во акција за акцијата „Младинско застапување за одржлива иднина“
  • Институтот за економски истражувања и политики „Финанце тинк“ од Скопје за акцијата „Поттикнување економска дебата во Македонија, базирана на докази и водена од податоци“
  • Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје за акцијата „Застапуваме, зајакнуваме, се поврзуваме“ и
  • Центарот за развој на медиумите на заедниците „Медиум“ за акцијата „Нови медиуми за стари предизвици.

Најголем број од новите грантисти се од Скопскиот регион (11), потоа од Североисточниот (2) и по една од Полошкиот и од Вардарскиот регион. Акциите се од областа на доброто владеење, граѓанското општество, родовите прашања, меѓуетничките односи, толеранцијата, културата, хендикепот, вработувањето, образованието и науката, информациите и друго. Мнозинството грантисти делуваат на национално ниво (73%), а скоро половината (46%) работат помеѓу 8 и 15 години.

Продолжи со читање

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година  |  Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна…

  • Дали Македонија конечно ќе знае каде ѝ се стипендистите?

    Македонија секоја година губи потенцијал на млади луѓе колку еден цел мал град. Само во Словенија, во последните неколку години, заминуваат просечно по околу 1000 македонски студенти. Додека најдобрите умови од нашите средни училишта ги освојуваат амфитеатрите во Виена, Берлин, Љубљана или Амстердам, државата со години се соочуваше со институционален…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор