Info sesija CM SAK 02

Информативна сесија за вториот повик за специфични акциски грантови

Денес (23.2.2016 г.) во просториите на МЦМС се одржа информативна сесија за вториот повик за специфични акциски грантови со референтен број ЦМ-САК-02. На инфо-сесијата учествуваа 15 претставници на 11 граѓански организации и медиуми кои имаа можност да им постават прашања и да добијат одговори од тимот на Цивика мобилитас во однос на овој повик.

 

Info sesija CM SAK 02

Специфичните акциски грантови на Цивика мобилитас им се наменети на граѓанските организации регистрирани според Законот за здруженија и фондации (2010) за воспоставување и работа со таканаречени „платформи за соработка“ меѓу апликантот, грантистите и тимот на Цивика мобилитас, на следните теми:

  • истражување и развој (ИР): добро владеење и индекс на граѓанското општество;
  • информации и комуникации (ИК): електронска платформа;
  • набљудување, оценка и известување (НОИ).

Овие грантови треба да соберат, креираат и споделат знаење за и со граѓанското општество на горенаведените теми преку истражување, но и развој на методологии и алатки.

Рокот за аплицирање на овој повик е 15 март 2016 година до 16:00 часот.

Дополнителни информации за овој повик за грантови можете да најдете на следниов линк.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор