Sredba Za Vmrezuvanje
|

Граѓански импулс #1: месечен осврт на активностите на грантистите

декември 2024 - јануари 2025

Во декември, грантистите на Цивика мобилитас продолжија да покажуваат посветеност и ангажман на важни прашања кои го отсликуваат секојдневниот живот. Иницијативите кои ги покренуваат тие, не само што ги охрабруваат граѓаните да бидат активни учесници во создавањето на позитивни промени,туку и ја поттикнуваат свеста за значењето на родовата еднаквост, економското јакнeње на жените, еколошката одржливост и култура, кака и борбата против корупцијата.

Во Пелагонискиот регион, Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп, заедно со партнерите, СТАНИЦА ПЕТ и Мултиетничкoто здружение за сите воздрасти, организираа Школа за родова еднаквост на која присуствуваа 20 учесници. Школата им овозможи да се стекнат со важни знаења и ресурси за правата на жените и девојките какко и за нивното активно учество во заедницата. Организациите вредно и посветено работеа и во Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Таму реализираа предавања за „Превенција за подобро здравје“,  на кои најмалку 90 учесници ја проширија својата свест за важноста на здравјето и превентивата. Во Тетово пак, се случи наградување за постигнати претходни ангажмани. Свечено им беа доделени осум сертификати на курсистки кои успешно ја завршија обуката за „Козметичар-Естетичар“, како дел од програмата за економско јакнење на жените.Ова е само еден од примерите на грантистите на Цивика мобилитас насочени за ангажирање и создавање нови можности на жените, кои со нови стекнати вештини се вклучуваат на пазарот на труд и создаваат економска стабилност за себе и своите семејства.

Беше одбележан и Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември, кога Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија. Истражувањето открива дека надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици кои можат да бидат клучни во спречување криминал и корупција.

Во меѓувреме, забележителен беше интересот на граѓаните од Полошкиот регион. Асоцијацијата за демократски иницијативи ги презентираше наодите од Истражувањето за причините и состојбата со миграцијата на младите, пред повеќе од 180 учесници, претставници на граѓански организации, совети на млади, претставници на локалните самоуправи, градоначалници, бизнис заедница, граѓани и млади.

Во Источниот регион пак, се случи и потпишување на Меморандум за соработка во рамки на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ помеѓу Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виница и општината. Со поддршката од локалната самоуправа ќе се понудат практични решенија за трансформативни промени во заедницата. И еве една од  целите што сакаме да Ви ја откиреме: вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти, а верувам дека би сакале да ги дознаете и останатите.

Еколошките иновациите продолжија да бидат во фокусусот на случувањата и во декември, преку работилниците за „Техники за трансформација на биоотпадот” од РЕЦ, Еко Логик и Флорозон, во биотехнолошката лабараторија на СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје. Овој пат со учество на учениците од основното училиште ООУ „Војдан Чернодрински“ од Општина Карпош. Токму во  декември, инспирирани од нивнните резултати  подготвивме и сторија за ангажманот на овие млади ентузијасти. Во јануари пак, на едукативната работилница присуствуваа и учениците од ОУ Димитар Поп Георгиев – Беровски од општина Ѓорче Петров. Преку демонстративни експерименти научија како органскиот отпад од домаќинствата може да се преработи во корисни производи за фармацијата, козметиката и прехранбената индустрија и како отпадот може да стане ресурс и да се искористи во создавање на одржлива зелена иднина.

Учениците од СОУ „28 Ноември“ пак, во рамките на проектот „Да учиме за климатските промени“, го посетија најпознатиот и најголем стопански капацитет во Општина Дебар — фабриката за гипс и гипсени производи „Кнауф“. Тие се запознаа со историјата и процесите на работа на фабриката, како и со  влијанието на нејзиното работење врз животната средина, при што беше нагласена важноста на намалувањето на штетните гасови и преминувањето на природен гас за работните процеси.

Во овој правец, Центарот за климатски промени ги сподели и податоците од нивната анализа „Предизвици во спроведувањето на политики поврзани со Зелена агенда за Западен Балкан“, која открива  сериозни пропусти во спроведувањето на законските обврски од општините за заштита на животната средина. Само 31% од општините имаат изработено Програма за јавна чистота, а од 81 само 11 општини со повеќе од 35.000 жители имаат План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Центарот за климатски промени, преку работилница во Пелагонискиот регион, во јануари успешно претстави и како општините од тој регион го градат патот до зелената револуција. На работилницата, учесниците работеа на откривање на проблемите поврзани со Зелена Агенда и предложија следни чекори за нивно решавање со акцент на едукација на граѓаните, декарбонизација и користење на обновливи извори на енергија.

Рурална коалиција, со поддршка од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21, во јануари ја организираше Првата заедничка менторска средба за зајакнување на капацитетите на општините за зголемена транспарентност и отчетност што е дел од проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција“. Оваа иницијатива, која вклучува осум општини од осум региони, има за цел да го зајакне капацитетот на јавните службеници и да го унапреди нивниот труд за подобрување на транспарентноста и отчетноста. Менторската поддршка, е клучна за развојот на алатката мЗаедница, која ќе помогне во отворањето на општините кон граѓаните и зајакнување на нивната отчетност и ќе се спроведува во текот на јануари и февруари 2025 година.

Уште еден чекор е направен за развој на образовната политика во земјата со формирањето на неформалната мрежа на експерти, „КЛАСТЕР 3 и високообразовни реформи“. Форумот за разумни политики (ФРП) во соработка со Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје (ИОХН-С) и Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) започнаа со подготовка на анализи, извештаи за мониторинг и предлог-политики кои ќе ги усогласат високообразовните политики на Северна Македонија со Болоњскиот процес.

Продолжете да ги следите со нас новостите на нашите грантисти и нивните успешни иницијативи.

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор