fbpx
x
Мени

Македонија се соочува со галопирачка миграција

Креирање регионални миграциски профили, засилен мониторинг на институциите од што краен производ ќе бидат извештаи и препораки кои ќе влијаат на моменталната состојба, „лобирање“ за промени во образовниот систем со акцент на дисперзираните студии, поттикнување на младинската работа и неформалното образование, сегментирана дебата што ќе ги опфати и адресира сите недостатоци – ова беа некои […]

Да изградиме мост на доверба со дијаспората

За прв пат како влада работиме на тоа да изградиме мост на доверба со дијаспората. Тој мост треба да го изградиме заеднички“ – изјави Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, на тематскиот форум „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“, организиран од страна на Цивика мобилитас, кој се одржа денеска (5.07.2017 година) во Чифте Амам, во Скопје.

Кумановци го ставија фокусот на миграциите и младите

На 10 јуни 2015 година, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово, под мотото Твој простор, твој глас, се одржа првиот регионален форум на Цивика мобилитас. Триесетина претставници на граѓански организации и граѓански активисти од североисточниот регион, го искористија „отворениот простор“ што им го нуди регионалниот форум да разговараат на теми на кои сметаат дека треба да се работи за да се предизивикаат општествени промени.