fbpx
x
Мени

Бриф за јавни политики: Подобрување на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата. Уште позначајно за разбирањето на обемот и на значењето на јавните набавки е што преку […]

Препораки за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки 2015

Пред вас е второто, изменето издание на Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки кои за прв-пат беа објавени пред две години, во февруари 2013 година. Примарно, препораките беа изработени врз основа на сознанијата добиени од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија, анализата на релевантните национални прописи за јавни набавки во Македонија, […]

Препораки за договорни органи за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

Искуството од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија покажува недоволно учество во јавните набавки, особено според вредноста на добиените тендери, на малите претпријатија и на микропретпријатијата. Застапеноста на микропретпријатијата на пазарот на јавни набавки е мала и несразмерна во однос на нивниот вкупен број, значење и улога што ја имаат овие претпријатија во локалните средини, но […]

Предлози за подобрување на правната и на институционалната рамка, како и на практиката на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Јавните набавки во Македонија се регулирани со Законот за јавните набавки, којшто беше донесен во 2007 година, а почна да се применува во 2008 година, изработен според тогашните директиви на Европската Унија. Оттогаш наваму законот претрпе десетина значајни измени, кои имаа различно дејство врз обезбедувањето на основните принципи на јавните набавки – конкуренција меѓу понудувачите […]

Прирачник за микропретпријатија за јавни набавки 2012

Ако Вашата фирма е заинтересирана да продава стоки, услуги или работи на јавниот сектор во РМ, неопходно е да има сознание за тоа како да се вклучи во постапките за јавни набавки, како да ја подготви понудата, кои барања и услови се неопходни да ги исполни за да го добие договорот за јавната набавка.

Прирачник за договорни органи за јавни набавки

Постапките за доделување на договори за јавни набавки кои ги спроведуваат договорните органи,се уредени со посебни правила на Заедницата.Договорот со кој е формирана Европската заедница не содржи конкретни одредби кои се однесуваат на конкретни одредби кои се однесуваат на јавните набавки,но воспостави бројни основни принципи кои се во општа примена на Европската Унија.

Прирачник за новинари за истражување и известување за јавните набавки

Важноста на транспарентноста произлегува и од фактот што јавните набавки, како најзначајна активност меѓу државата и фирмите, се и најподложни на корупција, односно на пренасочување на јавните пари во приватни џебови. Бидејќи корупцијата почива врз притајувањето, токму транспарентноста е едно од најзначајните оружја против неа. За да бидат граѓаните и фирмите сигурни дека нивните пари се трошат наменски, […]

Прирачник за фирми за учество на тендери 2014

Покрај постоењето на Законот за јавни набавки и подзаконските акти, учесниците во процесот на спроведувањето на постапките често наидуваат на значајни тешкотии во нивната практична примена, а со нив особено се соочуваат учесниците-понудувачи при подготвувањето на својата понуда. Одредбите од Законот се толкуваат различно, па следствено на тоа, и различно се применуваат.

Прирачник за фирми за учество на електронски постапки за јавни набавки

Овој прирачник е наменет да им помогне на фирмите, од практичен аспект, подобро и побрзо да го совладаат подготвувањето на понудите за учество на т.н. електронски постапки за јавни набавки, што се спроведуваат преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Преку прирачникот, фирмите ќе се запознаат подобро со својата улога во целокупниот тендерски процес при […]

Прирачник за истражувачко новинарство

Државните институции, односно луѓето вработени во нив, преку јавните набавки, всушност, ги трошат парите што граѓаните и фирмите ги даваат преку даноците за нормално функционирање на државата. Затоа, една од главните препораки на светско ниво е при трошењето на парите на граѓаните и фирмите, односно на јавните пари – државните службеници да се однесуваат како да трошат свои […]

1 2 3 6