fbpx
x
Мени

Фестивалот на граѓанските организации во знакот на борбата со КОВИД-19

Над 80 граѓански организации го искористија саботниот сончев ден и ги претставија своите здруженија пред граѓаните во Градскиот парк околу Школка како дел од Фестивалот на Цивика мобилитас, „Ден на граѓанските организации“. Оваа година фестивалот се одржуваше во услови на пандемија, а истовремено ги славеше успесите и одговорот кој го дадоа организациите во справувањето со […]

Да изградиме мост на доверба со дијаспората

За прв пат како влада работиме на тоа да изградиме мост на доверба со дијаспората. Тој мост треба да го изградиме заеднички“ – изјави Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, на тематскиот форум „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“, организиран од страна на Цивика мобилитас, кој се одржа денеска (5.07.2017 година) во Чифте Амам, во Скопје.

Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија

Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.

Почна првиот Национален форум на Цивика мобилитас

Граѓанскиот ангажман и волонтерството се темата на првиот Национален форум на Цивика мобилитас што започна денес во 11 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Како да се воспостави врска меѓу граѓаните и граѓанските организации

На 23 септември 2015 година, во Домот на младите во Штип, се одржа регионалниот форум на Цивика мобилитас за организациите и граѓаните од Источниот регион.