”Стратегијата за Југоисточна Европа 2020: Работни места и европска перспектива” цели кон подобрување на условите за живеење во регионот и враќање на фокус кон прашањата за конкурентноста и развојот.Стратегијата беше донесена во 2013 година,а процесот на развивање, усвојување и примена на истата го координира Регионалниот совет за соработка (РСС). Токму зајакнувањето на регионалната соработка е еден од условите за напредок во процесот на пристапување на државите од регионот од Европската унија.