Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето седумнаесетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции. Нашата визија е ЦГК да биде докажан општествен чинител во демократизација на македонското општество, подобро информирање на граѓаните и транспарентно и одговорно владеење.
Антикорупција
Владеење на правото
Децентрализација
Друго
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)
Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)
Истражување
Општа јавност (сите граѓани)
Граѓански организации
Државни и јавни институции и/или службеници
Експерти од одредена област
Медиуми
Општини/единици на локална самоуправа
6
6
2015