Толеранција и вредности на граѓаните 2021

Tolerancija I Vrednosti Na Graganite

Во извештајот „Толеранција и вредности на граѓаните во Република Северна Македонија“ се анализираат наодите од анкетата „Граѓанско општество“, фокусирајќи се на аспектите на толеранцијата и вредностите кај граѓаните. Ова истражување се спроведува на национално репрезентативен примерок од граѓаните на Република Северна Македонија. Основната цел на истражувањето беше да се разгледаат ставовите на граѓаните во врска со клучните прашања кои имаат влијание на социокултурниот контекст во кој дејствува граѓанското општество.

Истражувањето на толеранцијата и вредностите на граѓаните беше спроведено и во претходните години како дел од различни проекти. На основа на претходните искуства и глобалните истражувања, извештајот е надграден со нови прашања и подобрена структура. Со периодично повторување на истражувањето и неговото објавување во фази, се подобрена употребливоста на извештајот.

Прашалникот е дизајниран врз основа на глобалните истражувања за социо-културните норми, како што се Европската студија на вредности, Европскиот барометар и Цивикус – Индексот на граѓанското општество. Дополнителните прашања се изведени од претходните истражувања на МЦМС кои ја истражуваа толеранцијата и вредностите на граѓаните.

Анкетата беше спроведена во август 2023 година, на репрезентативен примерок од 1.012 испитаници. Популациската рамка на примерокот вклучува население постаро од 18 години, со критериуми за репрезентативност кои вклучуваат пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.

Од 1.012 испитаници, 51,3 % беа жени, а 48,7 % мажи. Во однос на етничката застапеност, етничките Македонци беа застапени со 69,8 %, етничките Албанци со 25,1 %, додека други етнички групи беа застапени со 5,1 %. Во однос на местото на живеење, 32,7 % од испитаниците живеат во рурални области, 39,5 % во урбани области, а 27,8 % во градот Скопје. Подробен преглед на примерокот е даден во прилогот.

Собраните податоци се обработени со анализа на честота и пропорција на одговорите. Податоците имаат ниво на доверба од 95 % и грешка од +/- 3 %. Резултатите се прикажани преку графикони за целокупниот примерок, а исто така се презентирани и бројките. Кога е применливо, се прикажуваат и трендовите во однос на претходните истражувања, на пример, од 2015 година, за податоци што можат да се споредат со нив.

Социо-демографските анализи за помалубројните етнички заедници и политичките партии со помалку симпатизери не се коментирани поради нивната мала застапеност во националниот примерок. Во извештајот, некои табели и графикони не ги прикажуваат резултатите за одговорите „не знам“ и „без одговор“, поради што збирот на сите одговори не е 100 %. Ова е направено за да се поедностави прикажувањето на резултатите.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор