Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Мали грантови I дел

Mak1

Кога ќе се споменат „мали акциски грантови“, многумина можеби помислуваат дека нивните резултати се скромни. Но, искуствата на организациите кои ги добиле овие грантови, како и на луѓето на кои им се наменети, покажуваат дека ефектите од нив се далеку од мали. Називот „мали“ се однесува на буџетот, но импактот е многу поголем.

Со оваа публикација сакаме да ги споделиме приказните на 22 граѓански организации кои добија поддршка од Цивика мобилитас за да ги решат предизвиците на нивните заедници.

Тие се посветија на решавање на важни проблеми, како што се интеграцијата на бездомните лица во општеството, економскиот развој на девојките и жените во руралните средини, пристапот до мигрантите, и независниот живот на лицата со Даунов синдром.

И покрај ограничените средства, овие проекти го опфатија спектарот на општествени проблеми, од иселувањето, младите и нивното волонтирање, до различностите и нивното влијание на животот на децата, културата на велосипедизмот, па дури и евидентирањето на државниот имот и урбанистичкото планирање. Иако овие 22 приказни се сведоштва на постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас, тие не претставуваат крај на патот. Некои од проблемите на кои се фокусираа се значајни и комплексни. Сепак, чекорите направени од овие организации се значајни и ја нагласуваат важноста на продолжување на борбата за општествени промени. Верата во постигнатото ќе ни биде поттик да продолжиме заедно, инспирирани од успехот, кон нови напори за подобрување на нашето општество.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор